logo
logo
logo

Норвешка: Здравствената состојба на кралот Харалд е исклучително сериозна

Vecer | 27.08.2026

Норвешка: Здравствената состојба на кралот Харалд е исклучително сериозна

Здравствената состојба на норвешкиот крал Харалд, кој е хоспитализиран во Националната болница во Осло од 17 август поради компликации од крвна болест, се смета за „исклучително сериозна“, се вели во соопштението на кралската палата.

Харалд (89), најстариот жив монарх во Европа, седна на престолот во 1991 година. Тој со години страда од сериозни здравствени проблеми, но одбива да абдицира и да му го предаде норвешкиот престол на својот син и наследник, принцот Хакон.

Влошувањето на неговата здравствена состојба се совпаѓа со периодот во кој норвешкото кралско семејство е потресено од скандали поврзани со сопругата на Хакон, крунисаната принцеза Мете-Марит.

Објавувањето на документите од случајот Џефри Епштајн во Соединетите Држави на крајот на јануари ја извади на виделина нејзината преписка со него од 2011 до 2014 година, кога тој веќе беше осуден за сексуални злосторства.

Принцезата се соочи и со правни проблеми со својот син од претходна врска, 29-годишниот Мариус Борг Хеби, кој беше осуден на четири години затвор во јуни за две силувања и 32 други обвиненија за насилство. Тој поднесе жалба на пресудата. Самата Мете-Марит страда од неизлечива белодробна болест и во јули ѝ беше извршена трансплантација на бели дробови.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk