Meta се согласи на нови, построги правила за корисниците под 18 години. Според договорените мерки, тинејџерите ќе имаат лимит од два часа дневно заеднички на Facebook и Instagram, додека во периодот од 00:00 до 06:00 часот ќе биде блокиран пристапот до платформите.
Push-известувањата ќе бидат исклучени од 22:00 до 07:00 часот, а ќе има и дополнителни потсетници за времето поминато на платформите.
Meta ќе ги зајакне родителските контроли, ќе воведе можност за неперсонализиран feed и ќе ги ограничи одредени филтри и содржини за малолетници.
Мерките се дел од спогодба со американските сојузни држави, која сè уште треба да добие судско одобрување.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата