logo
logo
logo

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници

Vecer | 10.02.2026

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници

Адвокатот на тужителката, Марк Ланиер, во воведното обраќање истакна дека механизмите што ги користат Инстаграм и Јутјуб не се резултат на случајност, туку на свесен дизајн. Според него, зависноста е профитабилна, со обвинение дека компаниите создале зависност кај корисниците. Судската одлука би можела да постави нови стандарди за одговорноста на социјалните мрежи кои досега во голема мера беа заштитени од вакви тужби.

На 18 февруари, како значајни сведоци ќе се појават пред судот извршниот директор на Мета, Марк Закерберг, а во текот на неделата, и директорот на Инстаграм Адам Мосери. Заедно со нив, на судската парница се појавува и Јутјуб, подружница на Гугл. Случајот го покрена дваесетгодишна млада жена од Калифорнија, чија тужба е доволно силна за да послужи како тест за стотици слични случаи во државата. Тужителката тврди дека започнала да го користи Јутјуб уште на шестгодишна возраст, а Инстаграм од единаесеттата година, по што следеле Снепчет и Тик-Ток. Според неа, долгорочната изложеност на социјалните мрежи доведува до силна зависност, што завршува со депресија, анксиозност и нарушена перцепција за сопствениот изглед.

Се претпоставува дека судењето би требало да трае повеќе од еден месец. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk