Благодарение на поддршката од граѓаните, вдомувачите, волонтерите и нашите партнери, секој месец правиме уште еден чекор кон подобра благосостојба на животните во Скопје
Месецот во бројки
Зад секоја бројка стои конкретна активност, теренска интервенција и грижа за едно куче.
Погледнете ги клучните резултати од работата на ЈП Лајка во текот на Септември
172 Заловени
124 Стерилизирани/кастрирани
44 Вдомени
105 Вратени на локација
Секој месец, теренските тимови на ЈП Лајка постапуваат по пријави на граѓани и спроведуваат планирани активности низ општините во Скопје.
Во продолжение погледнете како изгледа теренската работа по општини и колку кучиња беа опфатени со програмата за хуман третман во секоја од нив.
Во Општина Аеродром во текот на месецот беа заловени и подложени на предвидениот хуман третман 25 кучиња.
Пријави од граѓани: 16
Од подрачјето на Општина Бутел беа заловени и третирани вкупно 39 кучиња, согласно програмата за хуман третман на бездомната популација.
Пријави од граѓани: 14
Теренските активности во Општина Гази Баба резултираа со заловување и третман на 18 кучиња во текот на месецот.
Пријави од граѓани: 21
Во Општина Ѓорче Петров беа заловени и третирани 15 кучиња од повеќе локации на територијата на општината.
Пријави од граѓани: 7
Во текот на месецот, од подрачјето на Општина Карпош беа заловени и третирани 24 кучиња.
Пријави од граѓани: 7
Тимовите на ЈП Лајка заловија и третираа 29 кучиња од територијата на Општина Кисела Вода.
Пријави од граѓани: 14
Од различни локации на територијата на Општина Центар беа заловени и третирани вкупно 23 кучиња.
Пријави од граѓани: 9
Од територијата на Општина Чаир беа заловени и третирани 2 кучиња.
Пријави од граѓани: 0
Безбедност на терен за време на големите градски настани
Во септември, теренските тимови на ЈП Лајка беа дополнително ангажирани во пресрет на Скопскиот маратон и „Бела ноќ“. Активностите беа насочени кон централното градско подрачје и долж трасата на маратонот, каде поголем број бездомни кучиња беа привремено згрижени во прифатилиштето. Целта беше превентивно да се обезбеди безбедно одвивање на настаните за граѓаните и учесниците, а истовремено и безбедност на самите кучиња во услови на зголемена фреквенција на луѓе и сообраќај
Стратешко заловување со засилен теренски капацитет
Во септември, ЈП Лајка за првпат ја организираше теренската работа со четири екипи за заловување, со активности во проширен временски период од 05:00 до 20:00 часот. Екипите стратешки делуваа на територијата на Кисела Вода, Центар и Гази Баба, согласно однапред утврден план за заловување.
Паралелно со планираните активности, продолжи и ургентното постапување по пријави од граѓани, општини и институции на целата територија на Скопје, во првиот можен момент, а најдоцна во рок од 24 часа
Секое заловено куче поминува низ ветеринарен преглед и, согласно неговата состојба и програмата на ЈП Лајка, соодветен ветеринарен третман, стерилизација/кастрација, вакцинација против беснило, микрочипирање и идентификација
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата