logo
logo
logo

Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација

Vecer | 04.02.2025

Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација

Германскиот завод за статистика „Дестатис“ објави  извештај за начинот на живот на младите од 15 до 24 години во Германија, од кој се гледа дека бројот на оженети во оваа возрасна група паднал на најниско ниво од почетокот на водењето на евиденцијата, по повторното обединување на Германија во 1991 година.

Податоците покажуваат дека до крајот на 2021 година, само 136.000 лица на возраст од 15 до 24 години биле во брак, во споредба со пред десет години кога повеќе од 246.500 млади лица  биле во брак или во граѓанско партнерство.

Падот е подраматичен во споредба со пред три децении, кога во таа возрасна група биле во брак повеќе од 990.000 лица што претставува 9,6 отсто од групата наспроти 1,6 отсто денеска, пренесува tribun.hr.

Бројот на млади родители во Германија, исто така, е во опаѓање, при што само 2,4 отсто (197.000) од лицата на возраст од 15 до 24 години минатата година имале најмалку по едно дете. За споредба, во 2011 година како родители биле евидентирани 3,7 отсто од оваа возрасна група (327.000), што значи дека има пад од речиси 40 отсто за само десет години.

Во мај, статистичарите известија дека просечната возраст на жените кои раѓаат за првпат се искачила на повеќе од 30 години, што е зголемување за повеќе од една година во споредба со пред една деценија и загрижувачки знак за стабилноста на населението, бидејќи е помала веројатноста жените над 30 години да имаат повеќе деца. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk