logo
logo
logo

ОВИЕ ЗНАЦИ ВИ ДАВААТ НАЈМНОГУ ЉУБОВ И СТРАСТ, а тое е секому потребно. Еве ги

Vecer | 28.08.2026

ОВИЕ ЗНАЦИ ВИ ДАВААТ НАЈМНОГУ ЉУБОВ И СТРАСТ, а тое е секому потребно. Еве ги

Можеби веќе знаете за некои од нив, а за некои сигурно никогаш не би претпоставиле дека припаѓаат на најстрасните хороскопски знаци. Дали сте меѓу нив?

Љубовта е важен дел од секоја врска. Таа е веројатно најсилната и најинтимната врска меѓу двајца луѓе. Иако многумина можеби не се согласуваат со тоа и би рекле дека страста доаѓа од умот и дека токму умот има најголемо влијание врз нашиот љубовен живот.

Без разлика какво е вашето мислење, погледнете ги четирите најстрасни хороскопски знаци. Можеби ќе бидете изненадени кога ќе откриете кои знаци се најстрасни.

Шкорпија

Шкорпијата е несомнено еден од најпривлечните и најстрасните знаци на Зодијакот. Овој мистериозен знак ги открива своите најдлабоки тајни само на оние на кои им верува, но од партнерот очекува препуштањето да биде целосно и безусловно. Во спротивно, Шкорпиите стануваат груби, дури и одмазнички кон “нелојалниот“ партнер.

Но, ако го разбудите огнот на страста кај Шкорпијата, бидете подготвени да го издржите неговиот интензитет кој многумина партенри го доживуваат и како гушење.

Поради толку силната енергија, многу луѓе мислат дека Шкорпијата е огнен знак, но всушност припаѓа на водните знаци. Ова не е толку изненадувачки, бидејќи со Шкорпијата или ќе потонете или бурно ќе пловите каде што таа предводи.

Риба

Рибите се сметаат за еден од најчувствителните знаци во Зодијакот, со природна дарба да осетат и најфини и најтајни вибрации кај себе и партнерите, како емотивен радар со најголем распон во Хороскопот. Ако се почувствуаат сакани и потребни нема граници за нив да се посветат на партнерот, и да ја надградат релацијата со свој сон и емоции.

Рибите се многу страсни кога станува збор за емоциите и честопати ја канализираат својата страст преку креативност, изразувајќи го на тој начин она што го чувствуваат што е често пати магично привлечно за партнерите бидејќи го водат на места и нивоа кои дотогаш за партнерот не биле познати и му откриваат емоции над неговите што дотогаш ги познавал.

Повеќето членови на овој знак сакаат длабоко, даваат нови димензии во љубовта и страста но, доколку не почувтсвуаат слични стандарди кај партнерот, брзо заминуваат.

Лав

Да, Лавовите често мислат дека се центар на светот, а понекогаш дури и не се свесни дека тоа не е секогаш фер. Тие се страсни и во љубовните но, само ако и понатаму опстануваат центар на светот и центар на врската. Се мора да се врти околу нив.

Лавовите себеси се сметаат за надобри во секоја смисла, па затоа очекуваат нивниот партнер да го прифати тоа. Ако најдат таков ќе направат сè за да се чувствувате посебно околу нив, но само доколку доминираат над партнерите.

Тие сакаат силно и со голем ентузијазам, оставајќи го својот партнер секогаш да сака уште повеќе од нивната љубов и внимание.

Ако сте во врска со Лав, честопати ќе мора да му дозволите да го има главниот збор. Сприставувањата на нивните гледишта, одлуки и иницијативи во љубовта и сраста го нагризува нивното его, а тоа им е поважно од се, па и од партнерите.

Повеќето Лавови се исто така многу авантуристички настроени, ако осетат дека на друго место повеќе доминираат тоа е за нив голем предизвик да заминат. Ако сакате да го задржите Лавот на долг рок, дозволете му да ја преземе водечката улога и навикнете се на тоа.

Вага

Вагата е дипломатски знак кој обожава хармонија и рамнотежа. Тао е за нив прв и најважен чекор во врската. Партнерот може да биде крај Вагата само доколку е подготвен за хармонија и толеранција, ако е така тогаш останатите содржини во врската можат да бидат прифатливи и надградувани. Таа сака да дава љубов, но поради својата природа, очекува истото внимание да биде возвратено.

Вагите се страствени во љубовта, но не го покажуваат тоа агресивно или наметливо како Шкорпиите и Лавовите. Врската со Вага значи романтични прошетки покрај морето, вечери со свеќи, внимателно одбрани подароци и флертувачки моменти кои ја хранат нивната потреба за внимание, за романса и блискост.

Флертот за Вагата не е неверство, тие тоа го сметаат за природно однесување и бараат партнерот да го прифати тоа.

Ако сакате мирна, хармонична и нежна љубовна врска, но без прекумерна драматизација и излив на емоциите, Вагата е вистинскиот партнер, знак за вас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk