Технолошкиот гигант Google соопшти дека од 30 август драстично ќе ги промени своите правила за спам во Европската Унија, поднесувајќи под притисокот на европските регулатори и заканата од астрономска парична казна за кршење на правилата за фер конкуренција.
Промената се однесува на досегашната политика на Google против таканаречениот „parasite SEO“ — пракса каде што на популарни веб-страници се објавуваат содржини од трети страни со цел да се искористи високиот рејтинг на доменот за подобро позиционирање на пребарувачот. Европската комисија утврди дека оваа контроверзна политика на Google вештачки ја намалувала видливоста на медиумите и издавачите кои објавувале материјали во соработка со нивните комерцијални партнери.
Поради ова, Google потврди дека од 30 август мерките со кои се намалуваше рангирањето на веб-страниците повеќе нема да важат за сите 27 членки на ЕУ, како и за Исланд, Норвешка и Лихтенштајн. За остатокот од светот надвор од Европскиот економски простор, правилата остануваат исти.
Причина за ова брзо повлекување на Google е истрагата покрената од Европската комисија врз основа на Актот за дигитални пазари (DMA). Доколку се утврди прекршок, на американската компанија ѝ се закануваше ригорозна казна во висина до дури 10 проценти од нејзиниот вкупен глобален годишен приход.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата