Самопрогласениот видовњак Михаел Шнајдер од Германија изјавил дека на германската полиција ѝ ги испратил координатите на локацијата каде, како што тврди, верува дека се наоѓа исчезнатата Тамара Шкориќ, германска жителка од српско потекло (39).
Шнајдер тврди дека има посебна способност да пронаоѓа исчезнати луѓе, тој изјавил дека неговата „натприродна свест“ му кажува дека зад исчезнувањето на Тамара е извршено злосторство. Како што истакнува, не сака никого да покажува со прст или да етикетира некого како убиец, туку тврди дека само ги пренесува информациите што му доаѓаат на полицијата.
Според него, Тамара се наоѓа во шумска област околу десет километри југозападно од Мурхарт, местото каде што живеела. Шнајдер ѝ дал на полицијата прецизни географски координати и побарал областа да се пребара во радиус од 100 метри околу обележаната точка.
Во преписка со полицијата Шнајдер го прецизирал својот претходен извештај од 19 ноември 2026 година и навел дека сакал да ја стесни областа за пребарување на локација јужно од населбата Штрумпфелбах, во близина на Бакнанг.
Во е-пошта до Полициската управа во Ален, тој ги доставил координатите 48°58'00.7"N 9°26'17.1"E, со барање да ја проверат нивната околина во радиус од 100 метри. Во последователна порака, тој ги повторил координатите и објаснил зошто мисли дека полицијата треба да обрне внимание на тој дел од шумата.
„Гледам дека е извршено кривично дело против Тамара“, рече Шнајдер

Тој тврди дека претходно соработувал со полицијата во потрагата по исчезнати лица, а како пример го наведува случајот на човек кој, вели, го лоцирал пред помалку од три недели во близина на Ландау.
Според него, тој успеал да ја одреди локацијата со прецизност од околу 100 метри, а човекот бил пронајден откако поминал околу 50 часа во шумата. Шнајдер наведува дека инцидентот може да го потврди и криминалистичката полиција во Ландау преку прес-службата на полицијата во Лудвигсхафен.

Полицијата на германскиот град Ален објави дека утрово во шумата во близина на Мурхарт е пронајдено тело на жена. Се додава дека се претпоставува дека станува збор за 39-годишна жена која исчезнала пред околу две недели.
Се верува дека ова е крајот на потрагата по Србинката Тамара Шкориќ, која исчезна на 10 ноември во Мурхарт.
Во соопштението понатаму се наведува дека „досега нема докази што укажуваат на насилна смрт“ и дека ќе се изврши обдукција.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата