ПАЦИЕНТ СИ ЈА ЗАПАЛИЛ ПОСТЕЛАТА, повредени повеќе болни лица

Vecer | 23.11.2026

ПАЦИЕНТ СИ ЈА ЗАПАЛИЛ ПОСТЕЛАТА, повредени повеќе болни лица
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Петнаесет лица се повредени во пожар што синоќа избувнал во болница во населбата Лихтенберг, во источниот дел на Берлин.

Според портпаролот на полицијата, пожарот избувнал во соба на првиот кат од болничкиот објект, а постојат индиции дека го предизвикал пациент кој ја запалил постелата во својата соба.

Пожарникарите го изгаснале пламенот, но чадот се проширил и во другите делови од зградата, поради што дел од болницата бил евакуиран.

Тринаесет лица се здобиле со полесни повреди. Медицинска сестра и пациентот осомничен за предизвикување на пожарот вдишале чад и биле згрижени во болница. Медицинската сестра по амбулантскиот третман била пуштена од болницата, додека пациентот бил задржан на лекување.

Истрагата треба да ги утврди причините и околностите под кои избувнал пожарот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk