logo
logo
logo

Нем веќе вакви ѕвезди: ЕДИТ ПЈАФ, ДЕВОЈЧЕТО ОД ЈАВНА КУЌА, СОПРУГА НА 20 ГОДИНИ ПОМЛАД ХОМОСЕКСУАЛЕЦ

Vecer | 01.08.2026

Нем веќе вакви ѕвезди: ЕДИТ ПЈАФ, ДЕВОЈЧЕТО ОД ЈАВНА КУЌА, СОПРУГА НА 20 ГОДИНИ ПОМЛАД ХОМОСЕКСУАЛЕЦ

Во животот на најголемата ѕвезда на француските шансони имаше драма и мелодрама, сиромаштија и екстраваганција, живот на улица и светска слава. Тоа е дел од нејзиниот идентите кој никој потоа не ги повторил а не го ни надминал. Ѕвезда и пт каков нма во музиката веќе со децении.

„Не, не жалам за ништо... Сè е платено, избришано, заборавено откако бев со тебе“, се зборовите на песната „Je ne regrette rien“ од француската шансонерка Едит Пјаф. Иако не е жива од 10 октомври 1963 година, за неа сè уште се пишува, а нејзината песна „La vie en rose“ е препеана и пеена безброј пати.

Едит Пјаф доживеа огромна слава за време на својот краток живот и го отвори патот за музиката што ја прави Франција единствена. Таа беше ситна, пониска од метар и пол, со четириесет килограми и глас препознатлив на пвиот збор што ги кршеше дури и најтврдокорните срца. Секогаш во мала црна тоалета, нацртани веѓи, со црвен кармин, таа плени на сцената, а публиката ја слушаше без да каже ни збор...

Пораснала со проститутки

Родена е во Париз во 1915 година како Едит Џована Гасион. Мајката Анет, алкохоличарка и наркоманка, сакала да биде пејачка, но завршила на тротоарите во Париз. Подоцна, се губи секаква трага од неа. Ја оставила ќерка си кај нејзината мајка, која водела циркус со - болви. Таткото Луј Алфонс, од кого Едит го наследила својот низок раст, бил акробат. Се обидел да се грижи за својата ќерка, но на крајот ја однел кај мајка си, која водела бордел. Таа пораснала со проститутки, тие ѝ ја дале емоцијта и топлината за однос кон другите што требало да го замени нејзиниот дом.

Како девојче, таа била целосно слепа од три до седум години поради воспаление на рожницата на окото. Едит рекла дека проститутките ѝ се молеле на Света Тереза ​​и дека после тоа го добила видот. Оттогаш до крајот на својот живот, го носела крстот на оваа светица околу вратот.

Таткото подоцна се сетил на малата Едит и ја зел со себе да пее по улиците на Франција и на тој начин да заработува пари.

Едит Пјаф никогаш не добила можност да се прилагоди на училиште бидејќи суровите деца не го криеле фактот дека таа живее во бордел, па затоа не останувала во училишните клупи, а исто така, никогаш целосно не научила да чита и пишува.

Не ѝ било гајле за парите

На петнаесетгодишна возраст, таа е сосема сама, напуштена на улиците на Париз каде што буквално живее пеејќи за живот. Нејзината пријателка Симон Берто ѝ се придружила како улична пејачка, а нивното пријателство траело цел живот. На шеснаесетгодишна возраст, таа го запознала својот иден сопруг, младиот  Луј Дупон, со кого наскоро добила дете, девојче по име Марсел, кое починало од менингитис на само двегодишна возраст. Улицата останува нејзин живот, Едит со длабока болка на неуспешна мајка по смртта на малата Марсел, и очајно постојано посетува барови обидувајќи се да најде издавач за своите песни.

Нејзиниот талент го открил Луј Лепле, сопственик на клуб, кој ѝ го дал презимето Пјаф - врабец. Имала 19 години. Тој ѝ наоѓал композитори и текстописци, се обидувал да ја едуцира и да ја доведе во ред, бидејќи, поради средината во која растела, Едит беше премногу дива, понекогаш дури и вулгарна. Успехот дошол брзо. Заработувала огромни пари, кои ги трошела екстравагантно. Ги менувала љубовниците во секоја можна прилика.

Во 1936 година, Едит го издаде својот прв албум „Les Mômes de la cloche“ за Полидор. Популарноста ѝ донесе познати пријатели - режисерот Жан Кокто, актерот Морис Шевалие и поетот Жак Бурже. Токму „папата“, како што Едит со љубов го нарекува Луј Лепле, го избра и нејзиниот стил -  црн фустан што ја обележа и остана нејзин заштитен знак до крајот на нејзината кариера. Но, „папата“ наскоро бил убиен, за што дури и таа беше осомничена, но беше ослободена.

Иако трагичните настани околу смртта на Лепле ѝ донесоа негативен публицитет, нејзиниот талент го привлече композиторот Рејмон Асо, на кого самиот Лепле ја упатувал за време на неговиот живот, како некој од кого можеше да побара помош доколку ѝ треба. И тој навистина прави ѕвезда од неа. Ја учи на занаетот, ги пишува нејзините први важни шансони, ѝ ги отвора вратите на познатите париски сали.

Првпат се омажила за пејачот Жак Пилс, за кратко време. Но, нејзината најголема љубов бил шампионот во бокс Марсел Сердан. Тој бил женет, татко на три деца. На врвот на нивната романса во 1949 година, Марсел загинал во авионска несреќа.

Тие биле многу посветени еден на друг, а Пјаф му посвети една од своите најпознати песни на Сердан, „Hymne à l'amour“, а врската траела од летото 1948 година до неговата трагична смрт во есента 1949 година.

Судбината сакала професионалниот боксер Марсел Седан да отпатува во Соединетите Држави, каде што се борел со Џејк ЛаМота во Детроит. Сердан бил во никдаун уште во првата рунда, неговото рамо било исчашено и морал да се откаже по десеттата рунда. Тоа била последната борба во животот на Сердан. Потоа потпишал договор за реванш и се качил на лет за Париз за да ја посети Пјаф, која настапувала таму.

Авионот се урнал во планина на островот Сао Мигел на Азорските Острови, при што загинаа сите 48 патници во авионот, вклучувајќи го и Сердан, без кого останува на врвот на својата слава.

Со Тео до крајот

Едит Пјаф имала незаситна желба за љубов. Таа била на врвот на својата кариера кога во 1962 година се омажила за згодниот Тео Сарапо, хомосексуалец 20 години помлад од неа.

Сарапо бил и пејач и настапуваа заедно неколку пати. Сепак, нејзиното здравје веќе било сериозно нарушено дотогаш. Едит имала артритис, чир на желудник и заболен црн дроб предизвикан од алкохол и дрога.

Несреќите и загубата на најсаканите дополнително придонесоа за нејзиното земање опијати. Едвај одејќи, таа успеа да се качи на сцената на Париската Олимпија и да ја изведе премиерата на „Je ne regrette rien“. Тоа бил триумф на волјата, музиката над сите болести и ограничувања во неа, но и завештание.

Починала во 1963 година на 48-годишна возраст од аневризма предизвикана од откажување на црниот дроб. Едит Пјаф била погребана на гробиштата Пер Лашез во Парис покрај нејзината ќерка Марсел и нејзиниот татко. Седум години подоцна, сопругот Тео, кој почина во сообраќајна несреќа, бил погребан покрај неа.

Во деновите по нејзината смрт, надбискупот на Париската католичка црква ја прогласи за „категорична грешница“ и забрани погребна миса за Едит Пјаф, но десетици илјади нејзини фанови излегоа на улиците за време на нејзиниот погреб, кој, за прв пат од крајот на Втората светска војна, доведе до целосен застој на сообраќајот во Париз.

Во 2013 година, половина век по нејзината смрт, во нејзина чест се одржа комеморативна миса во Париз, во квартот Белвил каде што е родена. Нејзината пејачка легенда останува присутна и денес во популарната култура и продолжува да инспирира познати музичари, за што сведочат бројните преработки на нејзините песни. 

Едит Пјаф стана (супра)национална икона со живот и креативност создадени за филмско платно, оставајќи зад себе низа песни, меѓу кои најпознати се „La vie en rose“, „Milord“, „Non, je ne regrette rien“, „Hymne à l'amour“ и „Sous le ciel de Paris“.

Таа беше оживеана и фимл: гледачите имаа можност да видат увид во животот на легендарната пејачка во филмот „La Vie en Rose“ од 2007 година, каде што ја толкуваше талентираната актерка Марион Котијар, а за нејзината изведба ја освои најпрестижната филмска награда, Оскарот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk