logo
logo
logo

Стартува Светското првенство во крапски риболов

КОЈ ЌЕ УЛОВИ ПОГОЛЕМ КРАП - „Маврово 2026“

Vecer | 01.09.2026

КОЈ ЌЕ УЛОВИ ПОГОЛЕМ КРАП - „Маврово 2026“

Во Маврово денеска почнува Светското првенство во крапски риболов - „Маврово 2026“ на кое, како што е најавено, ќе учествуваат репрезентации од 33 земји. 

Првенството ќе биде отворено попладнево, на спортското игралиште на „Спорт хотел“. На свеченоста ќе присуствуваат претставници на државните институции, локалната самоуправа, НП Маврово, FIPSed, Македонската риболовна федерација, националните репрезентации, спортски работници и гости од земјата и странство.

Според Македонската риболовна федерација, ова е историски момент за македонскиот спортски риболов.

-Светското првенство во крапски риболов прв пат се одржува во Македонија, а учеството на репрезентациите од целиот свет го прави овој настан еден од најголемите меѓународни спортски настани од овој тип организирани во земјава, велат од Македонската риболовна федерација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk