logo
logo
logo

ЗАДОЦНУВАЊЕ ОД 132 ГОДИНИ: Списание од 1894 година се врати во библиотека

Vecer | 17.09.2026

ЗАДОЦНУВАЊЕ ОД 132 ГОДИНИ: Списание од 1894 година се врати во библиотека

Јавната библиотека „Конкорд“ соопшти дека минатата недела бил вратен задоцнет број од списанието „Д сенчури илустрејтед монтли“ (The Century Illustrated Monthly) од септември 1894 година, откако институцијата објави дека привремено ги укинува казните, објави Би-би-си.

Списанието доцнело дури 48.220 дена, па казната за задоцнувањето би изнесувала 12.055 долари.

Читателот што го вратил списанието, Џон, изјавил дека тоа со децении „се влечело“ низ неговиот дом, но немал поим како воопшто завршило кај него.

Тој решил да го врати материјалот откако во локалниот весник прочитал за одлуката на библиотеката за привремено простување на сите казни.

„Видовме многу среќни лица откако објавивме дека привремено ги укинуваме казните. Секако, очекувавме да бидат вратени книги чиј рок за враќање одамна истекол, но сигурно не се надевавме на нешто од крајот на XIX век“, објави Јавната библиотека „Конкорд“ на Фејсбук.

Библиотеката објави едногодишна амнестија за сите казни за доцнење, започнувајќи од 1 септември 2026 година, со цел да ги проценува ефектите од концептот „библиотека без казни“.

„Секако, списанието нема повторно да се позајмува, но можеби заслужува место во посебната соба 'Конкорд'“, се вели во објавата на социјалните мрежи, со мисла на одделот во библиотеката што е посветен на локалната историја.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk