logo
logo
logo

СЛУЧАЈ НА ИНЦЕСТ ЈА ВОЗНЕМИРИ ЈАВНОСТА - Се случило„само 100 пати“!!!

Vecer | 17.09.2026

СЛУЧАЈ НА ИНЦЕСТ ЈА ВОЗНЕМИРИ ЈАВНОСТА - Се случило„само 100 пати“!!!

Полицијата во американската сојузна држава Флорида добила многу повеќе отколку што очекувала кога излегла на терен по пријава за семеен судир помеѓу мајка и син.

Кристина Клеменс (46) од Лејкленд, град југозападно од Орландо, ја повикала полицијата и пријавила дека за време на расправија ја удрил нејзиниот син Шејн Клеменс (22), соопшти шерифот на округот Полк, Грејди Џад, пренесува „Си-би-ес њуз“. – Шејне, никогаш не смееш да кренеш рака на својата мајка – изјави шерифот Џад.

Синот ја открии шокантната вистина

Според наводите на полицијата, Шејн се разбеснил откако мајка му повикала полиција, по што бил уапсен. Тогаш тој пред истражителите изнел шокантно тврдење – дека е во сексуална врска со мајка си уште од својата 18-годишна возраст.

Полицајците веднаш директно ја прашале Кристина Клеменс дали имала сексуални односи со својот син откако тој полnел 18 години, на што таа ладнокрвно одговорила: „Само околу 100 пати“.

По ова признание, во случајот се вклучиле детективски тимови кои разговарале и со нејзиниот сопруг. Човекот изјавил дека немал апсолутно никаква претстава за врската помеѓу неговата сопруга и синот, иако признал дека му било сомнително што тие двајца често оделе во главната спална соба и ги заклучувале вратите.

– Ова е одвратно и противзаконско – изјави шокираниот шериф Џад.

Кривични пријави за инцест и прељуба

Кристина Клеменс и нејзиниот син Шејн Клеменс се официјално обвинети за кривично дело инцест, додека Кристина доби и дополнителна пријава за прељуба. Бизарниот случај привлече огромно внимание во јавноста поради неверојатните детали кои излегоа на виделина за време на рутинска интервенција за семејно насилство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk