logo
logo
logo

ПАТУВАТЕ СО МИЛЕНИЧЕ ВО ЕУ? Од октомври стапуваат во сила нови правила

Vecer | 28.04.2026

ПАТУВАТЕ СО МИЛЕНИЧЕ ВО ЕУ? Од октомври стапуваат во сила нови правила

Патувањето со миленичиња во рамките на Европската Унија наскоро ќе биде предмет на построги контроли и прецизни правила. Новата уредба на ЕУ, како што пренесува германскиот автомобилски портал „ADAC“, воведува ограничување на бројот на животни во приватен транспорт на најмногу пет миленичиња по возило. Оваа мерка има за цел јасно да го разграничи приватното патување од комерцијалниот транспорт на животни.

Промените вклучуваат и подетална документација. Иако пасошот за миленичиња останува задолжителен, тој во иднина ќе содржи повеќе информации, вклучувајќи и попрецизна ознака за земјата на потекло. Основните услови – микрочип и вакцина против беснило – остануваат на сила, но се воведуваат и нови протоколи за влез од земји надвор од ЕУ, како и за случаи кога на животното му е одбиен влез во трета земја и мора да се врати во Унијата.

„Ограничувањето на бројот на животни е веќе стапено на сила, додека новите здравствени сертификати ќе бидат задолжителни од 1 октомври 2026 година, а ажурираните пасоши од 1 јануари 2028 година“, пишува ADAC.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk