US Open се соочува со сериозен скандал откако масовното присуство на над 100 акредитирани инфлуенсери го претвори престижниот тениски турнир во неодговорна фотосесија, предизвикувајќи бес кај играчите и вистински хаос на трибините, пренесува Њујорк пост.

Најновиот инцидент го тресе турнирот откако познатите инфлуенсерки Мег Радиче и Одри Јонгенс (од профилот The VIP List) беа експресно исфрлени и им беа одземени акредитациите само два часа откако објавија нивни фотографии на Инстаграм — чин кој е строго забранет поради безбедносни причини.
Но, вистинската ескалација се случи за време на мечот меѓу Наоми Осака и Анастасија Захарова на теренот „Артур Еш“. Група инфлуенсери во ВИП-ложата запалија силни ринг-светла за снимање видеа и непречено се шетаа за време на поенот, поради што судијата мораше итно да го прекине мечот.
Тенисерките Наоми Осака и Џесика Пегула јавно го осудија ваквиот безобразлак, истакнувајќи дека станува збор за тотално непочитување на спортистите кои се борат за деконцентрација. Организаторите нагласија дека иако целта била привлекување помлада публика преку социјалните мрежи, прекршувањето на редот и безбедносните протоколи нема да се толерира.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата