Младата месечина во Вага настапува во сабота, на 10 октомври, а според астролошките толкувања, таа би можела да означи момент за нов почеток – особено во однос на врските, личните граници и рамнотежата помеѓу нашите сопствени потреби и она што го правиме за другите.
Астрологот и авторка Кирсти Галагер наведува дека нејзиното влијание ќе се чувствува во текот на оваа недела. Според неа, пред нас е период на длабоко преиспитување на нашите чувства, верувања и односи.
Време за враќање на рамнотежата
Во астрологијата, Вагата се поврзува со рамнотежата, односите и партнерствата; Галагер смета дека оваа млада месечина би можела особено да ги истакне ситуациите во кои премногу им се прилагодуваме на другите или ги занемаруваме сопствените потреби.
Интеракцијата помеѓу Венера и Марс додава доза на тензија. Оваа динамика може да открие каде играме одредена улога, каде даваме премногу за другите или каде постапуваме спротивно на она што навистина го посакуваме.
„Ова е недела кога треба да се свртиме кон себе“, вели Галагер, додавајќи дека е време да се ослободиме од сè што повеќе не сакаме да го носиме со себе.
Старите односи и обрасци повторно доаѓаат во фокусот
Деновите пред младата месечина би можеле да бидат особено значајни. Галагер забележува дека конјункцијата (спојувањето) на Меркур и Венера создава простор за подлабоко преиспитување на срцето и умот.
Како резултат на тоа, може повторно да излезат на површина стари приказни, верувања, односи или емоционални рани за кои сме мислеле дека сме ги оставиле зад себе. Сепак, целта не е повторно да ги преживуваме, туку да препознаеме во која мера тие сè уште влијаат врз нашите одлуки.
Според астрологот, влијанието на Марс и Уран би можело да им помогне на некои луѓе конечно да прекинат некој долготраен образец.
Клучното прашање: Дали живеете онака какa што навистина сакате?
Според ова астролошко толкување, самата млада месечина би можела да открие каде сме ја изгубиле рамнотежата – особено ако премногу сме се прилагодувале на партнерот, семејството, пријателите или околината.
Затоа, Галагер советува оваа недела да обрнеме внимание на ситуациите во кои велиме „да“ кога сакаме да кажеме „не“, кога ги преземаме туѓите проблеми или кога се обидуваме да бидеме личноста што другите очекуваат да бидеме. Според нејзиното толкување, пораката на младата месечина во Вага е едноставна: време е да се ослободиме од старите обрасци и да направиме простор за поавтентична верзија на самите себе.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата