Денеска завршува учебната 2025/2026 година. Основците и средношколците до 31 август ќе бидат на летен распуст.
За повеќе од 14.500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре (11 јуни) оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит – мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски). Кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе полагаат на 12 јуни.
Министерката за образование Весна Јаневска на учениците им посака добро здравје, среќа и пријатен летен распуст.
– На сите основци и средношколци им честитам за постигнатите успеси. Им посакувам убав летен распуст, исполнет со одмор, дружење и незаборавни спомени. Верувам дека ќе одвојат време и за литература, за стекнување нови знаења и за развој на личните вештини. Компјутерите и дигиталните алатки што им се достапни нека ги користат мудро за учење, истражување и откривање нови можности – рече Јаневска.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата