logo
logo
logo

Додека елитата мери мускули со Путин ЧЕТИРИ ДРЖАВИ ОСТАНАА БЕЗ ГОРИВО - Хаос поголем од оној во '80-тите

Vecer | 16.09.2026

Додека елитата мери мускули со Путин ЧЕТИРИ ДРЖАВИ ОСТАНАА БЕЗ ГОРИВО - Хаос поголем од оној во '80-тите

Додека во богатата Европа елитите главно дебатираат дали бензинот и дизелот ќе поскапат за уште некој цент и како симболично да го „понижат Путин“, големи делови од планетата веќе се претворени во грло на политичко незадоволство и социјален хаос. Смесата од историски познатите удари, растот на приносите на американските долгорочни обврзници и ценовниот шок на енергенсите, предизвика драматични сцени: километарски редици пред бензинските пумпи, редукции на струја, блокаде на сообраќајници и штрајкови во низа држави кои се далеку поголеми од членките на ЕУ.

Во Индонезија, на пример, земја со 287 милиони жители, редиците пред пумпите се протегаа со километри, принудувајќи ги властите да воведат систем на парни и непарни таблици и да отворат посебни пумпи само за милионите скршени мопеди, каде на возачите им се дозволува да наточат едвај три литри субвенционирано гориво.

Слична судбина го тресе и Бангладеш, кој поради прекинот на снабдувањето со природен гас и скапиот увоз се соочува со чести прекини на струја и парализа на индустријата.

Во Египет увозот на плин ја зголеми месечната сметка од 560 милиони на милијарда и пол долари, гурнувајќи ја земјата во опасна должничка спирала со ММФ, додека во Гватемала и на Филипините избувнаа масовни протести и парализа на јавниот превоз поради вртоглавиот скок на цените.

Брисел во матрицата на „хибридни војни“

Впечатокот е дека претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и нејзиниот тим се целосно политички несвесни дека најблиската историска аналогија на денешната криза е стресниот период меѓу 1979 и 1982 година, кога цените на нафтата се удвоија, а американскиот ФЕД со драстично кревање на каматите ја фрли глобалната економија во колена. Денешниот предизвик за ЕУ е уште потежок поради огромните јавни и приватни долгови и геополитичкиот хаос кој ескалираше со саботажата на саудискиот нафтовод и затворањето на Хормушкиот теснец, со што цената на Брент се искачи над 108 долари, а физичките испораки на европскиот пазар достигнуваат дури 122 долари по барел.

И покрај тоа што европските залихи на дизел и авио-гориво се на 12-годишен минимум, а цените на дериватите скокнаа за повеќе од 70 отсто, европските функционери тврдат дека „сè е под контрола“. Додека европската министерка за надворешни работи позира во воена униформа на Арктикот, а Брисел води битки со „хибридни закани“, реалноста на теренот сурово ги демантира.

Социјална несигурност на стариот континент

Португалија веќе сведочеше на протестни колони и масовно трубење откако дизелот скокна на рекордни 2,16 евра, додека во Франција, чиј јавен долг достигна 117,6 отсто од БДП, а само трошоците за камати изнесуваат 65 милијарди евра, владата одамна нема фискален маневарски простор за субвенции. Додека германските и француските граѓани стравуваат од нов бран поскапувања, дури и во Норвешка, земја која лежи на нафта и гас, дизелот достигна неверојатни 2,56 евра за литар по скок од близу 30 отсто за само еден месец.

Кога европскиот естаблишмент е заслепен од воени визии и геополитички игри без покритие, последиците по стандардот на обичните граѓани стануваат катастрофални. Прашањето е само кога социјалниот револт кој веќе ги тресе светските метрополи целосно ќе се прелее и во срцето на самата Европска унија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk