logo
logo
logo

ГРОЗОМОРНО ВИДЕО - ДЕЛФИНЧЕ УбИЕНО НА ПЛАЖА ВО ШПАНИЈА, се тврди дека сторителите се мигранти

Vecer | 04.09.2026

ГРОЗОМОРНО ВИДЕО - ДЕЛФИНЧЕ УбИЕНО НА ПЛАЖА ВО ШПАНИЈА, се тврди дека сторителите се мигранти

Бурни реакции и жестоки осуди во шпанската јавност предизвикаа видеоснимките од плажата Трамполин во Ceута, каде што група мажи се снимени како се забавуваат и позираат со беживотно тело на младенче од заштитен делфин.

Според тврдењата на локалната еколошка организација ДАУБМА и сведоштвата пренесени од локалните медиуми, заштитеното животно допливало дезориентирано блиску до брегот, по што било извлечено од водата и неколку пати ударено со стап по главата. Сведоци на настанот, меѓу кои и еден локален жител кој минувал оттука, се обиделе вербално да ги спречат и да ги предупредат дека станува збор за заштитена животинска вид што е строго забрането да се допира или јаде, но групата продолжила да го крева животното во воздух, смеејќи се и правејќи видеоснимки.

На снимките се гледаат јасни траги од крв на главата на животното, кои подоцна некои од присутните се обиделе да ги исчистат пред да пробаат да го фрлат телото назад во морето.

Еколошкото здружение веднаш поднесе кривична пријава до Граѓанската гарда (полицијата), барајќи итна идентификација на лицата од снимката, кои локалните медиуми ги опишуваат како мигранти, со оглед на огромниот мигрантски бран со кој се соочува овој шпански ентитет во Северна Африка. Покрената е и онлајн петиција со која граѓаните бараат најстроги затворски казни за злоупотреба и суровост врз заштитени диви животни.

Полициската истрага и вештачењето од страна на ветеринарните служби се во тек, со цел официјално да се утврди точната причина за смртта на младенчето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk