МАЈКА МУ ДОНИРАШЕ БУБРЕГ НА СВОЈОТ СИН - Успешна операција во Македонија

Vecer | 27.10.2026

МАЈКА МУ ДОНИРАШЕ БУБРЕГ НА СВОЈОТ СИН - Успешна операција во Македонија

По спроведените медицински испитувања била потврдена компатибилноста меѓу мајката и детето, а лекарите утврдиле дека таа е соодветен жив дарител на бубрег.

Алпортовиот синдром е ретко генетско заболување кое ги зафаќа бубрезите и во потешките случаи може да доведе до губење на нивната функција, поради што пациентите имаат потреба од дијализа или трансплантација.

„Ова е пример за најдоброто во нашето здравство – стручност, тимска работа и човечност. Секој трансплантиран бубрег значи нова шанса за живот“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.

Министерот, пред неколку дена, ги посети пациентите на кои им биле извршени трансплантации на Универзитетската клиника за урологија. Кај двајца пациенти бил трансплантиран бубрег од починат дарител, додека кај третиот била извршена трансплантација од жив дарител.

Националниот координатор за трансплантација, проф. д-р Билјана Кузмановска, упати благодарност до семејството и медицинскиот тим вклучен во постапката.

„Упатуваме благодарност до семејството за довербата и за согласноста случајот да биде јавно споделен, како и до целиот медицински тим кој деноноќно е вклучен во оваа сложена медицинска постапка“, изјави Кузмановска.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk