logo
logo
logo

Ако разведената жена е РАСПУШТЕНИЦА ИЛИ ПОЛОВЊАЧА, што е разведениот маж

Vecer | 19.03.2022

Ако разведената жена е РАСПУШТЕНИЦА ИЛИ ПОЛОВЊАЧА, што е разведениот маж

Чест на исклучоците и малцинството, но се чини дека за жал, во овие балкански паланки далеку од равноправност и еманципација, сепак во мнозинство се оние кои разведените жени се карактеризираат како “ распуштеници“ или "половна роба".

За чудо, ако во нашиот сленг говор за разведена жена постои збор “распуштеница“, нема соодветен термин, збор, за разведен маж и веќе отткука се гледа дека по разводот мажот и жената во нашиве општества не се третираат равноправно.

И што се тогаш разведените мажи? Еден од ироничните одговори најдовме на Твитер.

Како што вели Твитот, ако се разведените жени “половњачи“ и “распуштеници“ што се мажите по разводот? Неотпакувана роба од излог ли се?

Оваа наметната дисквалификација на жените по разводот е, патем, и технички неиспрана. Разводот не подразбира излегување од бракот само на жената, туку тоа е обострано со напуштање и ан мажот на брачната заедница. Но, во нашиот паланечки фолор уште е останото “правилото“ од “пусто турско“ дека мажот одлучува да го прекине бракот и да ја “отпушти, избрка“ жената од брачната заедница иако од турско до денес работите се темелно сменети.

Положбата на жената денес, и правно и функционално, како во бракот така и во заедницата е повеќе или помлаку равоправна. Ако жена или маж добие отказ од работа или реѓи да замине во странство барајќи работен ангажман нивниот статус во јавноста е ист, но во случај на промена ако се распадне бракот се уште таа е во подредена положба во однос на мажот, и се соочува со статусот “распуштеница“

И како во твојата околина ги нарекуваат разведени мажи? А како жените?

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk