logo
logo
logo

СУДИР НА ИНТЕРЕСИ И КРИМИНИСТИЧКА ИСТРАГА

НЕПОТРЕБНО ОТСТРАНЕТИ ДОЈКИТЕ НА НАЈМАЛКУ 20 ЖЕНИ - Ужас во британскиот здравствен систем

Vecer | 18.09.2026

НЕПОТРЕБНО ОТСТРАНЕТИ ДОЈКИТЕ НА НАЈМАЛКУ 20 ЖЕНИ - Ужас во британскиот здравствен систем

Британскиот здравствен систем се соочува со еден од најтешките скандали во последните години, откако управата на болниците „County Durham and Darlington“ (CDDFT) од системот на британското јавно здравство (NHS) потврди дека најмалку 20 жени биле подложени на непотребно отстранување на дојките за време на лекувањето на рак.

– Немам зборови со кои би опишал колку ова лично ме погодува. Она што се случи е целосно неприфатливо, изјави новиот извршен директор на болничката управа, Стив Расел, пренесува Би-би-си.

Пациентките кои поминале низ оваа голгота опишуваат длабок шок и се носат со тешки психолошки и физички последици. Во моментов се спроведува обемна интерна ревизија за третманите на рак на дојка спроведени од јануари 2023 до февруари 2025 година, а се проверуваат и над 600 случаи на пациенти кои се јавиле на специјална телефонска линија. Досега во стотици случаи е утврдена директна штета по здравјето, меѓу кои десетици тешки случаеви, па дури и еден смртен исход. Истрагата веќе ја презеде и Националната агенција за криминал (NCA) во соработка со локалната полиција.

Сомнителни исплати и судир на интереси

Целиот процес го надгледувал доктор Амир Бати, кој бил клиникиски раководител на одделот за дојки од 2013 до 2024 година. Иако моментно е суспендиран од практиката, тој се уште е вработен со полна плата. Претходните ревизии покажаа дека управата на болниците му исплатила милиони фунти на приватни клиники и фирми водени токму од Бати, што создало сериозен финансиски поттик и судир на интереси кој ги загрозил основните клинички стандарди.

Дополнителни извештаи укажуваат дека одлуките за масивните хируршки зафати често се носеле поединечно, без задолжителна мултидисциплинарна консултација меѓу тимови од специјалисти, оставајќи трајни и трагични последици врз животите на десетици жени.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk