Од минатата година почна организирано да се шири страв дека Европката унија ќе биде нападната од Русија и треба да се подготвува за војна. Никој не објасни зошто, и не наведе докази за таа закана, и како држава со 150 милиони народ би ја нападнала и освоила Евроспката унија која, самата таа, без другите членки на НАТО, има 450 милиони жители и далеку поголеми фондови за одбрана и војување околку Русија.
Но, набргу, стана јасно дека се работи за големи финансиски планови на воената индустрија и политичката елита кој гледа свој интерес во огромните инвестиции за “војна“.
Работата отиде дотаму што се градат “воени засолништа од нуклеарно вооружување од “фондовите за “идната војна“ а кои се користат за комерцијални цели.

Финска изгради подземен град како дел од подготовките за конфликт со Русија и за да се заштити од можен нуклеарен напад, објавуваат финските медиуми.
Засолништата вклучуваат олимписки базени со водни тобогани, сауни, патеки за картинг, скејт-паркови, цркви и центри за стрелаштво, а подземниот градски простор би можел да се изнајмува за употреба во мирно време, изјави Јуке-Пеке Шредерус, безбедносен службеник.

Прашање е за кого се воопшто наменети овие “засолништа со пет ѕвезди“ и луксуз. Богатите и онака во случај на војна нема да бидат во Финска. Но, додека дојде војната еден ден кој никој не го знае ниту кажува треба да се заработува.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата