Потребни состојки:
- 2 лажици чија семе
- 4 лажици овесни снегулки
- 100 мл врела вода
- 250 г белки
- 1 мала рамна лажичка сол
- 100 г мелен лен
- посипете со овесни снегулки, сусам и лен
Начин на приготвување: Изматете ги белките за да се формира силна пена. Во сад истурете 4 лажици овесна каша и 2 лажици чиа семе со вода. Кога чиа семето ќе набабри, додајте сè во смесата со белките. Додадете мелен лен и измешајте сè. Префрлете во плех, посипете со овесни снегулки, сусам и лен. Се пече на 180 степени целзиусови околу 30 минути. Исклучете ја рерната и оставете го лебот природно да се излади уште 20 минути.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата