logo
logo
logo

Зелен намаз од сремуш и младо сирење: Вкусен и здрав избор за секој оброк

Vecer | 12.04.2025

Зелен намаз од сремуш и младо сирење: Вкусен и здрав избор за секој оброк

Сремушот (Allium ursinum), познат и како мечкин лук или див лук, е одличен за зајакнување на имунитетот и за подобрување на циркулацијата. Од друга страна, младиот лук е богат со витамини и влакна, а сето тоа заедно создава фантастичен здрав оброк.

Овој намаз одлично оди со леб или како додаток на разни јадења, а неговата хранлива вредност придонесува за вашето здравје, го поддржува имунитетот и го подобрува варењето.

Потребни состојки:

• 2 китки сремуш

• 2 китки млад лук

• 200 гр младо сирење

• маслиново масло

• морска сол и бибер

Подготовка:

Сремушот ситно се сечка, се додава младото сирење и сечканиот млад лук. Сè убаво измешајте и додека мешате, постепено додадете маслиново масло додека смесата не стане мазна и кремаста. По желба додадете малку бибер и морска сол.

Корисни ефекти на сремушот

Сремуш е растение богато со витамин Ц и минерали, кое благотворно делува на многу здравствени проблеми. Неговите лековити својства вклучуваат:

Висок холестерол и крвен притисок – младите листови од сремуш помагаат во намалување на холестеролот и крвниот притисок, спречувајќи атеросклероза.

Воспаленија и инфекции – штити од настинки, грип, ги прочистува дишните патишта и помага во лекување на бронхитис.

Чир на желудникот и гастритис – ги смирува иритациите и болките во стомакот.

Здравје на срцето – ја подобрува еластичноста на крвните садови, го штити срцето и го намалува ризикот од срцев удар.

Кожа – одлична за воспалена кожа, егзема и дерматитис, особено како купка.

Прочистување на организмот – ефикасен е за чистење на црниот дроб, бубрезите, цревата и жолчното кесе од токсини.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk