По празниците често има корпа полна со шарени велигденски јајца и прашањето „што да правиме со нив сега?“ станува сè почеста појава. Наместо да ги фрлите или да ги оставите да скапуваат во фрижидер, постојат многу лесни и вкусни начини како да ги искористите.
Од брзи оброци до креативни рецепти, тврдо варените јајца можат да станат ѕвезда на вашата кујна и по празниците.
Салата од компири со јајца
Подгответе компир салата со јајца и млад кромид. Младиот кромид исечкајте го на парчиња од 1 см, јајцата на осминки, па зачинете со малку мајонез и сенф. Направете салата од компири и додадете кришки варени јајца. Зачинете по вкус.
Јајца со путер и зачини
Пробајте ги јајцата со путер и билки. Изрендајте ги јајцата, магдоносот ситно исечкајте го, чешнето лук изрендајте го, посолете и побиберете. Растопениот путер на собна температура убаво измешајте го со смесата. Овој намаз може да трае подолго, а можете да го завиткате и во ПВЦ фолија и да го чувате во замрзнувач. Одличен е како намаз, но и како додаток на шницли или зеленчук.
Супа од јајца
Варените и ренданите јајца може да се додадат во супи, чорби, пире од компири, моркови или друг зеленчук.
Чорба од јајца
Направете чорба од зеленчук и ориз и додадете јајца.
Ориз со јајца и печурки
Јајцата одлично се комбинираат со рижото од печурки.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата