Ако сте во дилема што да подготвите денес за ручек, ви предлагаме тоа да биде унгарски гулаш – вистинско, домашно уживање во секој залак.
Состојки:
– 1 кг говедско месо
– 4 главици кромид
– 3 лажици мелен сладок пипер
– половина лажица лута мелена пиперка
– сол
– бибер
– 500 грама компири
– половина литар доматен сос
– говедска супа
Подготовка:
1. Исечкајте го кромидот со средна големина и пропржете ги со две лажици растопена маст, а кога кромидот ќе омекне, додадете три полни лажици мелен сладок пипер и половина лажица лута мелена пиперка (прилагодете ја количината на лута пиперка по ваш вкус) и динстајте на тивок оган неколку минути додека пиперката добро не ја ослободи својата арома. Овој чекор е клучен бидејќи суштината на добрата унгарска чорба е во пиперката, која се користи во големи количини. Исто така, обрнете внимание на пржењето на пиперката на многу ниска температура бидејќи може многу брзо да изгори.
2. Откако ќе ги соедините пиперката и кромидот, додадете го говедското месо и сè добро измешајте, а потоа пржете го месото неколку минути. После тоа, додадете исечен компир, измешајте, додадете сол и бибер по вкус, половина литар говедска супа и половина литар доматен сос.
3. Гответе го јадењето околу 2 часа на средна температура, повремено додавајќи ја супата. Но, не додавајте премногу супа бидејќи е клучно вишокот течност да испари и чорбата да се згусне сама по себе и од компирите. Вистинската чорба никогаш не се згуснува со брашно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата