logo
logo
logo

Напиток кој ја намалува надуеноста и го регулира варењето

Vecer | 27.04.2025

Напиток кој ја намалува надуеноста и го регулира варењето

Напиток кој ја намалува надуеноста и го регулира варењето

Надуеност после јадење и чувство дека храната останува во стомакот „како камен“, чувство на тежина по обилните оброци, горушица, мачнина или запек се само дел од бројните симптоми на луѓето кои страдаат од дигестивни проблеми.

За среќа, постои пијалок кој го регулира варењето , го промовира исфрлањето на токсините и вишокот течности од телото и го намалува надуеноста.

Состојки:

  • 1 литар вода
  • корен од ѓумбир (околу 4-5 см)
  • 5 ловорови листови
  • 2 црвени грејпфрути
  • 1 лимон
  • 1 лимета

Подготовка:

Излупете го ѓумбирот, па исечкајте го на помали парчиња и ставете го во вода. Додадете ловоров лист и оставете да зоврие, а потоа варете 7-8 минути.

Тргнете ја течноста од оган, оставете ја да се излади на собна температура, а потоа додадете свежо исцеден сок од лимон, лимета и грејпфрут. Ако немате лимета, додадете сок од два лимона.

Ќе добиете малку повеќе од еден литар пијалок кој можете да го пиете во текот на денот. По извесно време ќе почувствувате дека надуеноста е намалена и дека „тежината“ во стомакот ја нема.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk