Ова јадење не само што е богато со вкус и хранливи материи, туку изгледа и мириса како директно од ресторан. Совршенo е за домашна вечера и не бара часови поминати во кујната. Доколку сакате да ги изненадите вашите домашни со нешто ново, ова е рецептот за вас.
Состојки
За печен зеленчук:
• 1 лажица маслиново масло
• 300 гр чери домати
• 2 црвени пиперки
• 1 голема тиквичка
• Сол и бибер по вкус
За рижото:
• 1 лажица маслиново масло
• 1 голем црвен кромид, ситно сецкан
• 3 чешниња лук, ситно сецкани
• 225 гр ориз рижото (на пр. Арборио)
• 250 мл сос од домати (пасата)
• 250 мл вода со измешана коцка за супа од зеленчук
• Околу 6 парчиња сушени домати, ситно сецкани (повеќе по желба)
• Свежи листови босилек
• Сол и бибер по вкус
Подготовка
– Загрејте ја рерната на 180°C. Тавата обложете ја со хартија за печење и премачкајте ја со малку маслиново масло.
– Пиперките и тиквичките исечкајте ги на поголеми парчиња, а чери доматите оставете ги цели. Зачинете со сол и бибер, додадете маслиново масло и измешајте. Наредете го зеленчукот во тавата и печете 30 минути.
Додека зеленчукот се пече, подгответе го рижотото:
– Загрејте го маслиновото масло во големо тенџере, додадете го црвениот кромид и пржете неколку минути додека не омекне. Потоа додадете го лукот и пржете уште една минута.
– Додадете го оризот и пропржете кратко, околу 30 секунди, да се впие маслото.
– Потоа истурете малку од супата и сосот од домати, мешајте додека оризот не ја впие течноста, а потоа постепено додадете го остатокот. Не го истурајте сето тоа одеднаш. Рижото бара внимание и трпение.
– Гответе со постојано мешање околу 20 минути. Кога оризот ќе омекне, додадете го печениот зеленчук и сушените домати. По потреба додадете уште малку вода за да остане кремасто рижото.
– Гответе уште 5 минути за да се соединат сите вкусови.
– Се трга од оган, се додава сол, бибер и свеж босилек.
– Послужете топло и уживајте!
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата