logo
logo
logo

Вкусна посна чорба

Vecer | 14.03.2025

Вкусна посна чорба

Добриот ручек не вклучува секогаш месо, а чорбата што ја предлагаме денес е најдобар пример за тоа. Вкусна комбинација од наут, боранија и друг зеленчук и зачини не само што ќе го задоволи вашиот стомак, туку и ќе му обезбеди на вашето тело доволно количество масти и протеини.

Боранијата е полна и со други важни хранливи материи, особено со минерали како што се магнезиум, калиум и калциум. Освен тоа, оваа чорба може да биде и одличен предлог за хранлив и исполнет ручек, доколку постите. Во продолжение погледнете го рецептот:

Чорба од наут и боранија

Состојки:

220 грама варен наут (една мала конзерва)

200 грама свежа боранија

200 мл доматно пире

2 компири

2 моркови

1 кромид

2-3 чешниња лук

1 лажица доматен концентрат

1 литар супа од зеленчук

растително масло

сол и бибер по вкус

Подготовка:

На малку растително масло пропржете го ситно исечканиот кромид. 

Додадете ситно сечкан лук во тавата и пропржете сè заедно уште околу една минута.

Додадете ги морковите исечкани на коцки.

Додадете доматен концентрат и доматно пире и сè добро измешајте.

Во тенџере ставете компири исечени на мали коцки. Сè добро измешајте и додадете вода или супа од зеленчук. Ако не ја правите супата од зеленчук сами, можете да користите и супа купена во продавница.

Зачинете со сол и бибер. Додадете билки по ваш избор, како власец, магдонос или босилек.

Во тенџерето додајте го претходно сварениот наут (или наутот од конзерва што сте го исцедиле и исплакнале под млаз вода) и исчистената боранија исечена на помали парчиња.

Гответе сè заедно околу 20 до 30 минути или додека зеленчукот не омекне. Колку се помали парчињата морков и компири, толку помалку време ќе ви треба за готвење.

Чорбата послужете ја со парче леб и салата по ваш избор, а во садот можете да додадете и малку семки од тиква. Уживајте!

Совет плус:

За чорбата можете да користите и замрзната боранија, но во тој случај додадете ја околу пет до десет минути пред крајот на готвењето за да не се превари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk