Свинскиот бут во рерна со зеленчук ќе ги воодушеви сите вистински гурмани, а месото ќе биде меко и сочно. Рецептот е прилично едноставен, потребно е само малку подолго да се испече свинскиот бут.
Вистинските гурмани велат дека нема ручек без добро парче месо, а кога се работи за свинско, задоволството е загарантирано. Свинскиот бут од рерна со зеленчук практично се прави сам, бидејќи рерната прави половина работа, а месото ќе биде меко и сочно како путер. Со додавање на компири и моркови, ќе имате вистински гурмански ручек.
Состојки:
• 2 кг свински бут во едно парче
• 2 главици кромид
• 6 големи компири
• 4 моркови
• 200 гр печурки
• 1 лажичка лук во прав сол, бибер
Подготовка:
Вклучете ја рерната да се загрее на 200 степени. Загрејте голема тава со малку масло на средна температура. Свинското месо посипете го со лук во прав, сол и бибер, а потоа сè добро втријте во месото. Пропржете го свинското месо од сите страни во загреана тава до златно кафеава боја. Префрлете сè во сад за печење. Кромидот исчистете го и исечкајте го на тенки прстени или кришки, па наредете го преку месото. Истурете вода до половина од садот. Покријте со фолија и печете во рерна околу 2 часа. Компирите и морковите исчистете ги, исечете ги на поголеми парчиња. По два часа печење, ставете го зеленчукот околу месото. Не покривајте, туку оставете го месото да добие кафена кора. Вратете сè во рерна и печете уште еден час. Кон крајот на печењето, додадете ги тенко исечените печурки и печете се заедно уште 15 минути.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата