Во чест на празникот, ве водиме на највкусното патување.
Дојдете со нас во Италија, Чешка, Америка, Бразил, Велика Британија, Франција и Германија, откријте какви деликатеси има на трпезите ширум светот.
ИТАЛИЈА – ТИРАМИСУ
Состојки:
• 500 мл слатка павлака
• 2 кесички ванилин шеќер
• 350 г крем сирење
• 200 г шеќер во прав
• 200 г бисквити
• 200 мл силно црно кафе
• 50 мл рум
• половина лажичка цимет
• 1 лажичка какао или цимет
Подготовка:
Слатката павлака се мати со ванилиниот шеќер, па се меша со шеќерот во прав и крем сирењето. На дното на калап за колачи со дијаметар од 24 см ставете малку фил, врз него наредете бисквити потопени во мешавина од кафе, цимет и рум, повторно филувајте и така додека не го потрошите целиот материјал, со тоа што треба да завршите со филот. Тирамисуто посипете го со цимет измешан со какао и ставете го во фрижидер да одмори најмалку пет часа.
ЧЕШКА – ОВОШНА ФАНТАЗИЈА
Состојки:
За корите:
• 5 јајца
• 160 гр шеќер
• 200 гр брашно
• половина кесичка прашок за пециво
масло и брашно за подмачкување на плехот
За кремот:
• 250 гр путер
• 200 шеќер во прав
• 500 гр крем сирење
• сок од еден лимон
• компот од ананас 200 гр.
• еден желатин
За украсување
• 50 мл слатка павлака,
• 100 гр сечкани лешници
• фигурини од марципан
• чоколадни јајца
Подготовка:
Одделете ги жолчките од белките, па изматете ги жолчките со половина шеќер и пет лажици топла вода. Изматете ги белките со остатокот од шеќерот. Внимателно соединете ги белите и жолтите делови и измешајте го просеаното брашно со прашокот за пециво. Тестото истурете го во калап со дијаметар од 26 см и израмнете го, па кората печете ја 45 минути на 170 степени. Оставете го да се излади во плехот, извадете го и пресечете го на половина. Измијте го послужавникот, повторно ќе ви треба. За кремот се матат путерот и шеќерот, се додава сирењето, сокот од лимон и се матат додека не се изедначи.
Калапот подмачкајте го со масло и посипете го со малку шеќер. Ставете една кора и покријте ја со третина од филот. Компотот од ананас згуснете го со желатин, премачкајте го преку филот, премачкајте ја втората третина од филот, ставете ја втората кора, па остатокот од филот. Тортата ставете ја во фрижидер да се стегне.
Во меѓувреме изматете ја слатката павлака, покријте ја тортата со сечкани лешници и фигури.
АМЕРИКА – ВЕЛИГДЕНСКИ ЧИЗКЕЈК
Состојки:
За корите:
• 3 јајца
• 1 кесичка ванилин шеќер
• 80 гр шеќер
• 100 гр брашно
• 4 лажици масло
За филот:
• 100 гр мармалад од кајсии
• 250 мл слатка павлака
• 500 гр крем сирење
• 200 гр шеќер во прав
• 2 кесички ванилин шеќер
• половина лимон
• 2 кесички желатин
• 50 гр ливчиња бадеми
За декорација:
200 гр шеќер во прав
2 лажици сок од лимон
Подготовка:
Изматете ги жолчките со ванилиниот шеќер, а белките со шеќерот. Двете смеси внимателно измешајте ги, додадете брашно и масло. Тестото истурете го во калап за колачи со дијаметар од 24 см и печете 45 минути на 180 степени.
Оставете го тестото да се излади во тавата, извадете го и исечете го на три дела. Двете кори соединете ги со половина од џемот, и вратете ги во тавата за торта. Изматете ја слатката павлака. Посебно се мати крем сирењето со шеќерот во прав, ванилиниот шеќер, сокот и ренданата кора од лимон. Желатинот се раствора во 50 мл вода и се остава да отстои пет минути, па се загрева до точка на вриење. Во смесата со сирење додадете го врелиот желатин, убаво изматете и на крај додадете ја слатката павлака. Додадете ја масата во калапот за колачи и покријте со третата кора. Тортата ставете ја во фрижидер и оставете ја четири часа добро да се стегне. За декорација, за глазурата измешајте шеќер во прав, четири лажици топла вода и сок од лимон додека не добиете еднолична смеса. Можете да го обоите, да речеме, зелено со боја за колачи. Извадете ја тортата од фрижидер, премачкајте ја со остатокот од џемот, а потоа со масата за глазура. Посипете со бадемови ливчиња и јајца од марципан.
БРАЗИЛ – МОКА ТОРТА
Состојки:
За корите:
• 150 гр брашно
• 100 гр мелени лешници
• прстофат сол
• 50 гр шеќер
• 100 гр путер
• 1 јајце
За филот:
• 8 листови желатин
• 6 лажички инстант кафе
• 2 јајца
• 125 гр шешер
• 40 мл коњак
• 380 мл слатка павлака
За декорација: јајца или друга велигденска декорација
Подготовка:
Се замесува тесто од брашно, лешници, сол, шеќер, путер, јајца и една лажица ладна вода. Завиткајте го во фолија и оставете го да отстои 60 минути. Половина од тестото развлечете го во тркалезна форма и префрлете го во подмачкан плех, а краевите префрлете ги преку работ на калапот. Тестото се покрива со фолија, се става грав и се пече на 180 степени околу 20 минути. После тоа, извадете ја фолијата, ставете грав и продолжете со печењето уште 5-10 минути.
Ставете ги листовите од желатин во ладна вода да набабруваат. Додадете кафе и исцеден отечен желатин во 250 ml топла вода. Изматете ги жолчките со шеќер. Постепено додавајте кафе со желатин, коњак, изматени белки и две третини од изматената слатка павлака. Кога кората целосно ќе се олади, премачкајте ја со конец и оставете ја да се излади. Украсете ја со преостанатата слатка павлака и малку декорација со велигденски мотиви.
ВЕЛИКА БРИТАНИЈА – МАРЦИПАН ТОРТА
Состојки:
За марципанот:
• 250 гр шеќер
250 гр мелени бадеми
• 2 изматени јајца
• 1 лажичка екстракт од бадем
За кора
• 175 гр путер или маргарин
• 175 гр кафеав или бел шеќер
• 3 изматени јајцa
• 175 гр брашно
• прстофат сол
• 350 гр суво грозје
• рендана кора од половина лимон
• 2 лажици џем од кајсии
• 1 јајце
Подготовка:
За марципанот измешајте шеќер и мелени бадеми. Додадете ги изматените јајца и мешајте додека смесата не се изедначи. Додадете го екстрактот од бадеми и месете една минута додека марципанот не стане мазен и еластичен. Одвојте третина од смесата и виткајте ја во круг со дијаметар од 18 см. Останатото тргнете го на страна.
За кората се мати путерот со шеќерот, се додаваат јајцата, брашното, солта и зачините по желба. На крај додадете суво овошје и рендана кора од лимон. Половина од смесата се става во калап за колачи со дијаметар од 18 см, врз него се става растегнато парче марципан, па другата половина од смесата. Се пече на 140 степени час и 45 минути. На изладениот колач премачкајте го џемот. Останатиот дел од марципанот поделете го на половина, половината расукајта ја со сукало и со неа покријте ја тортата, а од другата направете топчиња за украсување. Погачата премачкајте ја со изматено јајце, па ставете ја во рерна на највисока температура две минути за марципанот да добие кафена боја.
ФРАНЦИЈА – ЧОКОЛАДЕН СОН
Состојки:
За кората:
• 150 путер
• 150 гр кафеав шеќер
• 40 гр какао
• 150 гр брашно
• 1 лажичка прашок за пециво
• прстофат сол
• половина лажичка сода бикарбона
• 2 јајца
• 1 лажичка екстракт од ванила
• 150 гр кисела павлака
• 2 лажички мед
За фил:
• 250 мл слатка павлака
• 250 гр темна чоколада
За декорација: чоколадни јајца, 150 гр чоколадо
Подготовка:
Се матат путерот и шеќерот додека не се пенесат. Измешајте какао, брашно, прашок за пециво, сода бикарбона, прстофат сол, додадете ги во изматениот путер и убаво измешајте.
Изматете ги јајцата, екстрактот од ванила, павлаката и медот и додадете ги смесата со путерот, шеќерот и брашното. Убаво изматете, па тестото поделете го на два дела. Смесата истурете ја во подмачкани тави со дијаметар од 22 см и печете ги дваесетина минути на 180 степени. За филот изматете ги на пареа слатката павлака и чоколадниот фил и оставете да се излади еден час. Наполнете ја првата кора, врз неа ставете ја втората, а целата торта добро покријте ја со филот. Украсете ја тортата со мали чоколадни велигденски јајца.
ГЕРМАНИЈА – ПИЈАНА ТОРТА
Состојки:
За кората:
• 3 јајца
• 100 гр шеќер во прав
• прстофат сол
• 100 гр брашно
• 1 лажичка прашок за пециво
За филот:
• 370 гр вишни од компот
• 170 гр кандирани црешни
• 10 листови желатин
• сок и рендана кора од еден лимон
• 60 мл ликер од вишни
• 125 гр шеќер
За филот:
• 20 мл јогурт
• 80 гр шеќер
• 1 ванила
• 1 ванила
• 3 листови желатин
• 2 лаживи шери бренди
• 300 мл слатка павлака
• 80 гр. рендана темна чоколадаанила
Подготовка:
Изматете ги жолчките со 60 грама шеќер во прав. Посебно изматете ги белките со преостанатиот шеќер, па внимателно измешајте ги со жолчките, а потоа со брашното измешано со прашокот за пециво. Тестото истурете го во тркалезна тава со дијаметар од 24 см обложена со хартија за печење и печете на 180 степени половина час. Извадете ја кората од плехот и оставете ја да се излади, па исечете ја на два дела. За филот исцедете ги вишните од сокот од компот и испасирајте ги. Омекнете го желатинот во ладна вода, а потоа растворете го во загреаниот сок од лимон. Потоа сипете го во црешите, измешајте и оставете го настрана најмалку десет минути.
Во плехот за печење се става едната кора, се премачкува со исцедени вишни, одозгора се става втората кора и се става колачот во фрижидер да се излади најмалку три часа.
За кремот:
изматете го јогуртот со шеќерот и ванилиниот шеќер. Во загреаната шери ракија растворете го желатинот, па измешајте го во кремот. Изматете ја слатката павлака, измешајте со кремот, премачкајте ја тортата и украсете ја со рендано чоколадо.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата