Пробајте го најдобриот печен компир досега, а тајната е во една тајна состојка.
Ако сакате да го направите највкусниот печен компир досега, тогаш мора да го направите по овој генијален рецепт. Рецептот содржи тајна состојка на која веројатно никогаш не сте помислиле кога подготвувате компири.
• 1 кг компири
• два лимони
• 1,5 литри вода
• 2 лажици оригано или мајчина душица
• 2 чешниња лук
• 75 ml маслиново масло
• 3 лажици гриз
• сол
• бибер
• црвен пипер во прав
Подготовка:
Излупете ги компирите и исечете ги на четири дела. Поделете го секое исечено парче компир за да се готви подобро и да изгледа подобро. Компирите ставете ги во тенџере, исцедете два лимони, додадете малку рендана кора од лимон што добро сте ја измиле, додадете 1,5 литар вода и сварете. Откако ќе зоврие, варете уште 10 минути.
Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и во неа ставете празен сад за печење.
По 10 минути процедете ги компирите и оставете ги во посебен сад малку да се изладат.
Во садот со компирите додадете маслиново масло, оригано или мајчина душица, сечканиот лук, мелената пиперка, сол, бибер и гриз. Измешајте сè добро и ставете го на топол сад за печење.
Печете од половина час до 40 минути, а на секои 10 минути вртете ги компирите за да добиете крцкава кора од двете страни.
Овој прилог можете да го послужите со вашето омилено месо или да го јадете како таков.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата