logo
logo
logo

Зеленски претвори мал бренд за облека во бизнис вреден 150 милиони евра годишно: „Имаат само еден минус...“

Vecer | 22.01.2023

Зеленски претвори мал бренд за облека во бизнис вреден 150 милиони евра годишно: „Имаат само еден минус...“

Од почетокот на војната во Украина, претседателот Володимир Зеленски стана глобално познат благодарение на начинот на кој се облекува, бидејќи редовно се појавува во маскирна униформа, дури и кога се среќава со странски државници или за време на официјална посета на американскиот Конгрес.

Деновиве благодарение на Форбс беше откриено дека се работи за украинскиот бренд М-ТАК, кој произведува опрема за туризам и лов, додатоци за оружје, како и воена и тактичка облека, која ја носат Зеленски и командантот - началникот на украинските вооружени сили Валериј Залужни и стотици илјади војници и цивили во Украина.

Колку и да звучи грдо, но руската агресија е најодговорна за ненадејното проширување на М-ТАК, бидејќи продажбата на нивната стока е тројно зголемена од февруари. Во реонот на Лвив отворена е фабрика, производството во Киев беше проширено, а се вработени 750 шивачки кои работат во три смени.

Според прогнозите на финансиските експерти, до крајот на 2022 година приходите требало да пораснат седум до осум пати и да достигнат од 600 до 650 милиони гривни (што е приближно 150 милиони евра), а таквите финансиски показатели и персонал се на исто ниво со големите производители на воени униформи кои произведуваат опрема за владини нарачки.

Основач на М-ТАК е Александар Карасев од Киев, кој на почетокот на 2000-тите се заинтересирал за airsoft, воен симулациски спорт, сличен на пејнтбол, во кој се користат реплики на огнено оружје, кои исфрлаат тврди пластични топчиња со дијаметар од 6 до 8 милиметри.

Во тоа време, во Украина беше тешко да се најде airsoft опрема, па Карасев реши да ги спои хобито и бизнисот и заедно со неговата партнерка Наталија Корженјук ја отвори продавницата Милитарист во Киев, каде што продаваа увезена опрема за airsoft.

Оделе малку по малку и до 2014 година, синџирот Милитарист имал шест продавници, а Карашев набавил многу воена опрема за игри со воздух, како и неколку камиони и оклопни транспортери.

Со избувнувањето на непријателствата во Донбас, тој им подарил камиони на украинските војници на тамошниот фронт, а наместо играчи со airsoft, војниците почнаа да доаѓаат во Милитарист и на тој начин ги рекламираа неговите производи.

Но, Милитарист имаше многу конкуренти кои продаваа увезена воена облека, па Карасев и Наталија Корженјук му понудија партнерство на дизајнерот Денис Головко, а резултатот беше создавање на украински бренд на тактичка облека наречена М-ТАК.

Еден од првите и најуспешните модели на новата компанија беа панталоните Агресор, кои сега ги носи Володимир Зеленски.

До почетокот на 2022 година, М-ТАК имаше седум продавници, две илјади квадратни метри работилници и магацин во Киев со повеќе од 200 вработени, како и производна линија, трговија и складиште во Полска.

По руската инвазија на Украина, тоа веќе не беше доволно бидејќи стотици метри долги редици клиенти стоеја пред продавниците на Милитарист.

Во исто време, најголемиот дел од раководството беше отсутен: некои од нив отидоа на специјализирана изложба во Германија пред почетокот на војната, други ги евакуираа своите семејства, а Карашев и неколку други вработени се приклучија на територијалната одбрана.

Како резултат на тоа, наместо 50-70 луѓе, во магацинот на големо во Милитарист останаа само тројца. Немаше кој да се грижи за производството, а руски војници пристигнаа на неколку километри од фабриката на М-ТАК во Киев.

“Имавме подготвено бензин за да го уништиме магацинот во случај да пробијат“, вели Карашев.

Целосната работа на M-TAК продолжи дури во мај, но веќе во јуни, поради големата побарувачка за воена облека, започна изградбата на нова фабрика на брендот во регионот Лвов.

Приближно 800 илјади долари инвестираа инвеститори - ко-основачот на украинскиот извозник на земјоделски производи Орексим Јуриј Будник и директорот на компанијата Александар Худолеј. Будник беше првиот професор по англиски јазик на Карашев во минатото, а се покажа дека Худолеј е љубител на облеката М-ТАК.

„Сè што имаат е со врвен квалитет“, потврди за Форбс Александар Камишин, шеф на Украинската државна железница кој се облекува во М-ТАК.

„Имаат само еден минус - тешко е да се купат нови работи бидејќи ги нема на пазарот“, додаде тој.

M-TAК е сличен на австрискиот производител Каринтија, кој исто така произведува тактичка облека, но цените на украинските јакни од ист материјал се разликуваат три пати.

“Не споредуваат, на пример, со американскиот бренд 5.11, но ние веќе ги поместивме од првите позиции на украинскиот пазар“, додаде Карашев.

Во 2022 година, основачите на компанијата ги вложија сите свои инвестиции, заштеди и профити во проширување на производството - и се подготвени дополнително да се прошират преку заеми за да се задоволи побарувачката.

На прашањето колку е ова разумно, бидејќи војната нема да трае вечно, Головко одговори дека М-ТАК има добри изгледи на западните пазари.

„Но, засега главна задача е да се задоволат потребите на украинската армија, која има 15 отсто попуст на купената стока.“

Фото: Zuma Press

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk