logo
logo
logo

Во Букурешт од утре „Недела на македонски производи“

Vecer | 13.06.2021

Во Букурешт од утре „Недела на македонски производи“

Од утре во Букурешт стартува „Недела на македонски производи“, еднонеделната промоција на домашни земјоделски и прехранбени производи ќе ја отворат Министрите за земјоделство и за економија,  Арјанит Хоџа и Крешник Бектеши, како и македонскиот амбасадор во Романија, Габриел Атанасов.

Настанот во Букурешт како што најавија од МЗШВ, ќе се одржи во зградата на Стопанската комора на Романија.

Пред влезот во салата ќе бидат поставени штандови со македонски производи од повеќе компании, кои ќе се презентираат со свои брендови и кои се наменети за дегустација за гостите на настанот и за сите посетители кои во наредните денови ќе ја посетат промоцијата. Таа ќе трае до 18 јуни.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk