logo
logo
logo

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за 200 денари во однос на септември

Vecer | 12.11.2021

Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за 200 денари во однос на септември

Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во октомври се зголемени за 200 денари во однос на септември, покажуваат податоците на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), кој секој месец ја изработува синдикалната потрошувачка кошничка.

Според овие податоци, синдикалната минимална кошничка во октомври изнесува 34.584 денари. Храната учествува со 42,7 проценти во вкупната структура на кошничката или за храна и пијалоци потребни биле 14.779 денари. За режиски трошоци биле потребни најмалку 10.879 денари, а за хигиена 2.390 денари.

– Поради се по евидентното зголемувањето на цените, очигледно е дека ни треба зголемување на платите со кој ние како работници без да се грижиме за нашата егзистенција ќе можеме да си ги овозможиме најмалку трошоците во висина на една синдикална потрошувачка кошница. Затоа, апелираме да бидат прифатени забелешките на синдикатите во врска со зголемувањето на платите за да не продолжи трендот на осиромашување на граѓаните, велат од Синдикатот.

Оттаму оценуваат дека е оправдано барањето за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и линеарно зголемување на останатите плати.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk