logo
logo
logo

Лондонскиот „Хитроу“ веќе не е аеродромот со најдобра поврзаност во светот

Vecer | 08.10.2026

Лондонскиот „Хитроу“  веќе не е аеродромот со најдобра поврзаност во светот

Истанбул, градот на два континентите, отсекогаш бил клучен глобален центар – улога што сега е дополнително зацврстена со аеродромот „iGA Istanbul“.

Според најновите податоци, тој го престигна лондонскиот „Хитроу“ и стана аеродром со најдобра поврзаност во светот. Оваа висока позиција е потврдена со индексот „мегахаб“ (megahub) за 2026 година, објавен од OAG, глобален провајдер на податоци за патувања.

Рангирањето го споредува бројот на можни меѓународни летови со вкупниот број дестинации достапни од аеродромот, при што анализата се заснова на податоци од денот со најголем сообраќај во годината – 2 август. „Конечно го зазедоа првото место“, изјави Џон Грант, главен аналитичар во OAG.

Извршниот директор на аеродромот, Селахатин Билген, за CNN изјави дека ова е значајно достигнување што го одразува статусот на аеродромот како глобален воздухопловен центар.

„Веќе летаме до околу 350 дестинации ширум светот, а сепак има многу простор за раст“, ​​додаде тој. Аеродромот „Схипхол“ во Амстердам го зазема третото место на овогодишната листа, а по него следат Куала Лумпур и „О’Хеар“ во Чикаго.

Аеродром вреден 12 милијарди долари беше отворен во 2018 година на европската страна на Истанбул.

Неговиот терминал со површина од 1,4 милиони квадратни метри е најголемиот во светот под еден покрив, а целиот комплекс – кој по површина е поголем од Менхетен – е дизајниран да опслужува огромен обем на сообраќај.

Во моментов, низ аеродромот годишно минуваат повеќе од 84 милиони патници, што го прави осми најпрометен во светот, иако долгорочната цел е да се достигне капацитет од 200 милиони патници. Тоа е двојно повеќе од сообраќајот што моментално го опслужува „Хартсфилд-Џексон“ во Атланта, најпрометниот аеродром во светот. Аналитичарот Грант смета дека „iGA Истанбул“ нема да има конкуренција во наредните години.

„Тие го имаат потребниот капацитет на писти. Имаат исклучително успешен национален авиопревозник кој расте и нарачува нова флота. Блиску се до некои од пазарите со најбрз раст во светот, како што е Централна Азија. Едноставно, се наоѓаат во одлична позиција“, објасни тој.

Минатиот месец беше отворена четврта главна писта, а постојат планови за вкупно девет писти – шест главни и три помошни. Грант истакнува дека „iGA Истанбул“ е единствениот аеродром во светот овластен за истовремено работење на три писти.

„Ова овозможува поголем број летови за време на шпицот и обезбедува оперативна флексибилност. Со три писти, веројатно се постигнува и подобра точност“, вели тој.

Клучна улога во успехот на центарот (хабот) игра „Туркиш ерлајнс“, кој ги опслужува 80 отсто од летовите. Пред две години, националниот авиопревозник влезе во Гинисовата книга на рекорди како компанија што лета до најголем број земји – 130 до 2026 година. Компанијата управува со модерна флота во постојан пораст, составена од над 500 авиони од типовите „Боинг“ и „Ербас“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk