logo
logo
logo

Ќе соработуваат компании од Македонија и Бугарија

Vecer | 25.01.2022

Ќе соработуваат компании од Македонија и Бугарија

Агенцијата за поддршка на претприемништвото на  Македонија и бугарската Агенција за промоција на мали и средни претпријатија во наредниот период ќе воведуваат нови можности за трговска и инвестициска соработка и ќе ги поттикнуваат малите и средни претпријатија од двете земји да одржуваат различни форми на соработка. Тоа е предвидено со Меморандум за разбирање помеѓу агенциите потпишан денеска во Софија од министерот за економија Крешник Бектеши и неговиот бугарски колега Даниел Лорер во рамки на заедничката седница на владите на двете држави. -Соработката согласно потпишаниот Меморандум ќе биде во делот на размена на информации во врска со политиките и мерките за промоција на МПС, размена на искуства во организирање и администрирање на активности за обезбедување на услуги за МПС, организирање на семинари, саеми, изложби и други промотивни активности за зајакнување на меѓусебната размена и соработка помеѓу малите и средни претпријатија од двете земји, информираат од Министерството за економија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk