logo
logo
logo

А1 ги ограбува поранешните корисници

Vecer | 21.04.2022

А1 ги ограбува поранешните корисници

Мобилниот оператор А1, заедно со адвокатска канцеларија и нотарска канцеларија вршат незаконска присилна наплата на некакви процесни трошоци кај поранешни корисници на услугите на мобилниот оператор.

Имено, според документацијата која е доставена до редакцијата на Вечер.мк, корисничка на услугите на А1 пред повеќе од 5 години го раскинува договорот со операторот, а за да може да го раскине договорот - мора да бидат платени сите сметки, книжени и непрокнижени.

Така и е направено, при што дадена и е потврда дека платено е се кон А1.

Во 2019 година, стигнува налог за присилна наплата од истото адвокатско друштво, истиот нотар и  истиот оператор А1, за некакви процесни трошоци кон нив и присилната наплата е извршена.

Три години подоцна, повторно стигнува налог за присилна наплата, повторно за некакви процесни трошоци кон А1, истата адвокатска канцеларија, истиот нотар.

Напоменуваме, дека при раскинување на договорот со мобилниот оператор А1, платени се сите прокнижени и непрокнижени сметки, за што на поранешната корисничка и е издадена потврда.

Доколку и вие сте жртва на ваква незаконска наплата од мобилните оператори пишете ни - ќе објавиме.

 

 

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk