logo
logo
logo

Бензините поскапуваат од полноќ

Vecer | 02.03.2026

Бензините поскапуваат од полноќ

Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден денар по литар, а цената на дизел горивата останува иста, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 74,5 денари за литар, а на ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,5, додека ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и понатаму ќе се продава за 71, а Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) за 70 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,022 денари по килограм се зголемува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС и ќе изнесува 35,542 денари.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 2,977 отсто, кај дизелот за 0,464, кај екстра лесното масло за 0,37 и кај мазутот за 3,965 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,1035 отсто.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk