logo
logo
logo

Мицкоски: Странските инвестиции за првите два квартала се поголеми за над 50 милиони евра

Vecer | 15.10.2026

Мицкоски: Странските инвестиции за првите два квартала се поголеми за над 50 милиони евра

Заклучно со јуни, со вториот квартал имаме над 50 милиони странски инвестиции повеќе споредено со истиот период од минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција на која ја најави најновата инвестиција на „Кромберт и Шуберт“.

-Ако влезете на страницата на Народна банка ќе видите дека има над 50 милиони повеќе, за истиот период минатата година. Значи, заклучно со јуни, заклучно со вториот квартал имаме над 50 милиони странски инвестиции повеќе споредено со истиот период од минатата година – рече премиерот.

Мицкоски на прес-конференцијата најави дека компанијата „Кромберг и Шуберт“ почнува нов инвестициски проект, каде што во следните четири години се предвидува отварање нови 2.000 работни места, додавајќи дека она што таму ќе се произведува се автомобилски компоненти за германскиот автомобилски гигант „Ауди“.

– Ова е важна инвестиција за Битола, за Пелагонискиот Регион и за целокупната економија, но и потврда дека како држава располагаме со квалификувана работна сила, индустриски капацитети, кои може да одговорат на највисоките европски стандарди – нагласи Мицкоски.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk