logo
logo
logo

ПОДНЕСЕНИ НАД 100 АМАНДМАНИ: Почнува комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Vecer | 14.11.2025

ПОДНЕСЕНИ НАД 100 АМАНДМАНИ: Почнува комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да почне амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година.

Според информациите објавени на веб страницата на Собранието, поднесени се над 100 амандмани.

Вкупните приходи во Предлог-буџетот за следната година се проектирани на 374,7 милијарди денари, расходите на 413,9 милијарди денари, а капиталните инвестиции на 40,5 милијарди денари или 650 милиони евра.

Економскиот раст е проектиран на 3,8 проценти, инфлацијата на 2,5% а буџетскиот дефицит на 3,5 проценти од БДП.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на 28 октомври прес-конференцијата во Владата кога го презентираше Предлог-буџетот посочи дека со него се опфатени сите клучни политики што ќе се спроведуваат во следниот период, со јасна цел да се забрза економскиот раст и да се постигне постепена фискална консолидација.

– Ќе продолжиме со мерки за намалување на сивата економија и зголемување на наплатата на буџетските приходи.

Буџетот ќе се темели на реални проекции – приходите ќе се планираат според реалните можности, а расходите ќе бидат насочени кон стратешки приоритети. Ќе продолжи постепената фискална консолидација и дисциплинираното управување со јавните финансии, со цел поголема ефикасност и одговорност во трошењето на буџетските средства.

Ќе се намалуваат несуштинските расходи, а поддршката за граѓаните и стопанството ќе се спроведува по јасни критериуми и со засилен мониторинг, истакна тогаш Димитриска-Кочоска.

Пленарната седница на која ќе се разгледува Предлог-буџетот за 2026 година, според најавите, е планирано да се одржи на 9 декември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk