logo
logo
logo

Невозможни се барањата: „РАЈАН ЕР“ побарал приоритет на нивните аеродроми и ОТКАЖУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ПОСТОЕЧКИТЕ ЛИНИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Vecer | 17.05.2026

Невозможни се барањата: „РАЈАН ЕР“ побарал приоритет на нивните аеродроми и ОТКАЖУВАЊЕ НА ДЕЛ ОД ПОСТОЕЧКИТЕ ЛИНИИ ВО МАКЕДОНИЈА

Условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ за да влезе на македонскиот пазар се невозможни, изјави денеска министерот за транспорт, Александар Николоски.

Според него, компанијата барала 25 евра субвенција по седиште, што е двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата. Министерот појасни дека актуелните субвенции на пазарот веќе даваат сериозни резултати.

„Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 евра за скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот аеродром, што се едни од повисоките субвенции што би можеле да ги најдете на пазарот и не случајно 28 нови дестинации се отворени за помалку од две години откако е избрана оваа влада“, рече Николоски.

Како дополнителен услов, „Рајан ер“ побарал приоритетно опслужување на нивните аеродроми, но и откажување на дел од веќе постоечките линии во земјава.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk