-Наскоро референдум (за импичмент на претседателот) или избори... каде власта се менува со пенкало, рече Вучиќ гостувајќи на ТВ Хепи.
Тој за време на неколкучасовно ТВ интервју побара од студентите во блокадите да се вратат на факултетите, да почнат да студираат и да се насочат кон иднината, а особено им се заблагодари на дел од студентите „кои не подлегнале на влијанието на политичките партии.
Тој им се заблагодари и на сите луѓе кои страдаат од блокадите во сообраќајот, со очекување, како што рече, еден ден да престанат. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата