logo
logo
logo

ВИДЕО | СТРАШНА СЦЕНА ВО ИНДОНЕЗИЈА: Синабунг еруптираше, пепелот се искачи на 3.500 метри

Vecer | 31.08.2026

ВИДЕО | СТРАШНА СЦЕНА ВО ИНДОНЕЗИЈА: Синабунг еруптираше, пепелот се искачи на 3.500 метри

Моќна ерупција на вулканот Синабунг го затресе индонезискиот остров Суматра, при што огромен облак од пепел и чад се издигна на височина од 3.500 метри. Иако засега нема информации за жртви или евакуации, властите ги предупредија жителите и туристите да се држат подалеку од опасната зона околу вулканот.

Патиштата, возилата и зградите во неколку села во Кару погодени од ерупцијата се покриени со сив вулкански пепел. Локалните власти им поделија заштитни маски на жителите.

Службениците го зголемија нивото на предупредување за вулканот на „претпазливост“, второто највисоко ниво на тревога.

„Оваа ерупција се смета за почетна и можно е да има помоќна ерупција“, изјави денес директорката на Геолошката агенција на Индонезија, Лана Сарија.

Агенцијата претходно, кон средината на август, забележа знаци на зголемена активност кај вулканот Синабунг, вклучувајќи десетици земјотреси, по што го прошири препорачаниот радиус во кој активностите за јавноста се ограничени.

Индонезија е архипелаг со повеќе од 280 милиони жители и една од сеизмички најактивните области во светот.

Синабунг е еден од повеќе од 120 активни вулкани во земјата, кој се наоѓа на Тихоокеанскиот „Огнен прстен“ – појас по кој се протегаат бројни вулкани и тектонски расцепи околу Тихиот Океан и кој е познат по честите земјотреси и вулканска активност.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk