(Видео) ПУКАЊЕ ВО ЗАГРЕБ - Застрелан познат бизнисмен

Vecer | 27.11.2026

(Видео) ПУКАЊЕ ВО ЗАГРЕБ - Застрелан познат бизнисмен
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Во пукање утрово во Загреб е застрелан познат бизнисмен. Според информациите, непознат напаѓач наводно го чекал во заседа на улицата во близина на неговиот дом во населбата Дубрава, го застрелал во нозете и побегнал, пренесе Индекс.

Се работи за Роберт Палиќ, бизнисмен неодамна осуден за затајување данок, кој и миатата година беше ранет исто во нозете во заседа поставена од непознат напаѓач. Палиќ бил пренесен во болница, а според првичните информации, неговиот живот не е во опасност, пишува „Јутарни лист“.

Полицијата исто така издаде соопштение во врска со инцидентот.

„Денес, околу 8:30 часот, на улицата Банатска во Загреб, еден маж беше ранет од огнено оружје на улица и му беше укажана лекарска помош. Местото на настанот е обезбедено, а во тек е истрага, како и интензивна потрага по сторителот. Сообраќајот на улицата Банатска е во прекин“, соопштија од полицијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk