logo
logo
logo

ВЕЛИЧЕЊЕТО НА РАТКО МЛАДИЌ ГО ЧИНЕШЕ 15 ДЕНА ЗАТВОР: Босанец условно осуден во Хрватска

Vecer | 02.09.2026

ВЕЛИЧЕЊЕТО НА РАТКО МЛАДИЌ ГО ЧИНЕШЕ 15 ДЕНА ЗАТВОР: Босанец условно осуден во Хрватска

Величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ на социјалните мрежи резултираше со судска постапка во Хрватска. Четириесет и тригодишен државјанин на Босна и Херцеговина бил уапсен во Кореница, откако полицијата утврдила дека на интернет објавувал содржини со кои го величел Младиќ.

За стореното дело, тој е условно осуден на 15 дена затвор, според информациите на Хина, повикувајќи се на Полицијата на Личко-сењската жупанија.

Полицијата го истражувала мажот поради сомневање дека на социјалните мрежи објавувал фотографии, симболи, песни и текстови со кои јавно величел и изразувал благодарност кон лице осудено за воени злосторства, со што предизвикал вознемиреност, непријатност и чувство на навреденост кај граѓаните.

По истрагата, тој бил изведен пред надлежниот суд под обвинение за прекршок и условно осуден на 15 дена затвор, со едногодишен период на проверка. Пресудата ќе биде извршена само доколку во наведениот период тој стори едно или повеќе други кривични дела.

Ратко Младиќ, поранешен командант на Војската на Република Српска, беше осуден на доживотен затвор од Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија по обвиненија за геноцид, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите на војувањето за време на војната во Босна и Херцеговина од 1992 до 1995 година. Тој почина во затворот во Хаг на 27 август.

Вчера босанското обвинителство соопшти дека по смртта на Младиќ добило илјадници пријави против лица осомничени за кривично дело „величење на осуден воен злосторник“, но ниту една од пријавите не била поднесена од полициска служба.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk