logo
logo
logo

УБИЕЦОТ од Младеновац имал МРАЧНО МИНАТО: Соседите откриваат морбидни детали

Vecer | 05.05.2023

УБИЕЦОТ од Младеновац имал МРАЧНО МИНАТО: Соседите откриваат морбидни детали

- Убиваше кучиња по селото, пријавувавме, но продолжуваше да го прави тоа, велат жителите на селото кај Младеновац каде живеел и Урош Блажиќ (21), виновникот за страшниот масакр што ја шокираше Србија, а во кој се убиени 8 лица, а 14 се ранети.

КОЈ Е УРОШ БЛАЖИЌ?

 

Урош има 21 година, српската јавност слушна за него ноќеска кога по расправија во училишниот двор отишол дома да земе оружје, се вратил и отворил оган врз луѓето кои биле таму. Потоа влегол во автомобилот и пукал во движење. Има индиции дека имал соучесник, но официјалната истрага се уште не го потврдила тоа.

По пукањето Урош побегнал.

Потерата по него траела осум часа, селата околу Младеновац биле блокирани, а утринава околу 8 часот тој е уапсен во селото Вињиште кај Крагуевац, каде што живеат негови роднини.

При бегството тој упаднал во такси возило и речиси го киднапирал човекот. Тој храбар таксист пријавил во полиција дека го видел убиецот. Претседателот на Србија денеска на вонредна медиумска конференција го окарактеризира како херој на Србија, бидејќи „има и такви кои знаеле каде е осомничениот за убиството, но не пријавиле“.

Кога го уапсиле и прашале зошто убивал, тој велел - „омаловажување“, омаловажување“.

На неговите социјални мрежи може да се видат видеа и фотографии на кои тој го поддржува Кристијан Голубовиќ, идоли му се поранешните криминалци, а згора на се – негов пријател е поранешен учесник во реалното шоу Задруга, а дури се појавија и фотографии од оргии со контроверзната Словенка Дениз Дејм, исто така, учесничка во ова шоу.

Уапсен е облечен во маица во која ги велича Хитлер и нацистите.

Инаку, се појавија информации и дека татко му бил воено лице, а мајка му работела на ВМА како медицинска сестра.

„Беше незадоволен што се пресели од Белград во Дубона и имаше многу несогласувања со брат му за имотот. Татко му купи куќа со малку земја, куќата во која живееше во весниците ја нарекуваат викендичка“, рекол жител на селото и негов сосед за медиумите во соседството.

„Навистина не знам што друго да кажам. Мојата помала ќерка секогаш кога беше во селото поминуваше време со тоа момче, тие се генерација. Дечкото беше добар, последен пат се видовме на слава, многу луѓе кои ги знаеме имаат ранети деца. Кај мештаните постои сомнеж дека убиецот ги убил и сопствениот брат, неговата сопругата и детето, но не можат да потврдат бидејќи немаат пристап до куќата каде што живеат“, додава тој и вели дека семејството на мајката на Урош е угледно и почитувано.

УАПСЕНИ И ДЕДО МУ И ВУЈКО МУ

 

Покрај Урош уапсени се и неговиот дедо и вујко, каде се криел од полициската потера. Денеска е уапсен дедото на осомничениот, бидејќи во куќата каде што бил уапсен Блажиќ биле пронајдени четири бомби, околу 250 куршуми и автомат што ги донел во куќата на неговите роднини.

Осомничениот се криел во куќа во Вињиште кај Крагуевац, каде што полицијата го пронашла. Тој бил во просториите каде семејството ја држело фармата за кокошки, пренесува Новости.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk