logo
logo
logo

ТРАКТОРИ ПОВТОРНО НА УЛИЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Земјоделците најавија голем протест во Солун

Vecer | 31.08.2026

ТРАКТОРИ ПОВТОРНО НА УЛИЦИТЕ ВО ГРЦИЈА: Земјоделците најавија голем протест во Солун

Солун повторно ќе биде под трактори: грчките земјоделци најавија голем протест на 5 септември, токму на денот на отворањето на 90-тиот Меѓународен саем. На собирот, кој ќе започне во 17 часот кај Белата кула, ќе се приклучат земјоделци од повеќе региони во Грција, а на улиците ќе излезат и со трактори.

Меѓу нивните главни барања се поддршка на приходите, намалување на високите трошоци за производство, реформи во системот за земјоделско осигурување, заштита на субвенциите и воведување ограничувања на увозот.

Дополнително, земјоделските производители бараат ослободување од натрупаните долгови, зголемување на пензиите и соодветен надомест за сите претрпени загуби во секторот.

Овој протест е продолжение на барањата од јануари годинава, кога земјоделците ги прекинаа блокадите на главните патишта во Грција и предупредија дека ќе го блокираат Меѓународниот саем во Солун доколку надлежните не ги исполнат нивните барања.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk