logo
logo
logo

ФОТО + ВИДЕО | ПЕПЕЛ И ПУСТОШ ВО ГРЦИЈА - Пожарите проголтаа 118 објекти, не можат да се спасат

Vecer | 07.08.2026

ФОТО + ВИДЕО | ПЕПЕЛ И ПУСТОШ ВО ГРЦИЈА - Пожарите проголтаа 118 објекти, не можат да се спасат

118 објекти се целосно уништени и не можат да бидат поправени по големите шумски пожари што ги зафатија делови од Грција, покажале првичните инспекции на властите.

Инспекторите на Министерството за инфраструктура досега извршиле проверки на 325 објекти во најпогодените региони, меѓу кои западна Атика, Крит, Виотија, Ахаја, Арголида на Пелопонез и Фокида во централна Грција.

Најголема штета е регистрирана во западна Атика, каде што 84 објекти се целосно изгорени, додека 67 претрпеле оштетувања кои можат да бидат санирани. Властите продолжуваат со проценките на терен за да се утврди целосниот размер на материјалната штета по пожарите,  објави „Екатимерини“.

Од нив, 118 објекти – најголем дел во западна Атика – се прогласени за небезбедни и ќе мора да бидат урнати. За 119 е утврдено дека се оштетени, но можат да се поправат, додека 88 објекти се оценети како погодни за живеење.

Во областа Ретимно на Крит, каде што минатата недела загинаа двајца пожарникари додека се бореа со огнената стихија, биле проверени 55 објекти. Од нив, 19 се прогласени за целосно уништени, а 12 можат да бидат обновени.

Уште седум објекти се прогласени за небезбедни во Виотија, каде што минатиот петок избувна пожарот кој подоцна се прошири кон западна Атика, шест во Фокида и два во Арголида.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk